Информатика
Корпорацијата E Ink извести за развојот на E Ink Gallery 3 – следната генерација електронска хартија во боја наменета за eReader и eNote уредите. Од објавата дознаваме дека новата генерација на е-хартија во боја, ePaper, се заснова на нивната платформа ACeP Advanced Color ePaper, којашто користи четирибоен пикселски систем во четири бои – магента, цијан, бела и жолта. Овој нов стандард овозможува прикажување на широка палета бои од преку 50 000 бои.
Објавено на 27.04.2022 - 11:00

Астрономија и астронаутика
Како животот за прв пат се појавил на некогаш неплодната карпа што ја нарекуваме Земја? Тоа е Eдно од најзагадочните и исконски прашања на науката. Изминативе неколку децении научниците почнаа да ги идентификуваат на метеоритите органските молекули неопходни за настанок на животот. За потсетување,...
Објавено на 27.04.2022 - 10:15

Информатика
Најнапред Енгаџет ја пренесе веста од ​​Wall Street Journal дека во Твитер веројатно сериозно ја разгледуваат идејата за продажба на Илон Маск. Според нивниот извор одлуката за преиспитување на понудата од Маск била донесена откако тој објавил дека обезбедил доволно финансиска поддршка за финализирање на договорот. Додека го пишуваме ова пристигна и веста дека договорот е постигнат и дека Маск е нов сопственик на Твитер.
Објавено на 25.04.2022 - 23:00

Телекомуникации
В. Ковачески, Z35M при одржувањето на 500 илјадитата радиоврска
На 22.4.2022 година во Парк шумата Гази Баба одржан е собир на неформалната радиоаматерска „Z3 Портабал Група“. Членовите поставија неколку портабал самоизградени и комерцијално изработени кусобранови радиостаници, напојувани со независно батериско напојување, како и вертикални и жичени антени наменети за работа од издвоени локации. Освен презентирањето на различните концепти на портабли за моторизиран и немоторизиран пристап до локации, одржани се и радиоврски со мала излезна моќност на предавателите.
Објавено на 25.04.2022 - 12:45

Информатика
Зачувувањето на копии од сервери, работници станици и други уреди е најдобра практика и императив за бизнисите, но тие не претставуваат гаранција за континуитетот на бизнисот и за заштитата на податоци. Создавањето на резервна копија, било да се работи за пресликување на дискот или за копии на податоците, е само почеток на планот за закрепнување од катастрофа и не е гаранција дека податоците може да се повратат ако копијата е оштетена. Сепак, уште поголема грижа треба да биде кражбата на доверливи податоци од организацијата, ако самата копија е украдена или на друг начин компромитирана од некој напаѓач.
Објавено на 21.04.2022 - 16:15

Физика
Како ги јадете вашите сендвич-колачиња? Веројатно, како и многумина, го вртите горниот слој, одвојувајќи го колачето на два дела, а потоа ги јадете деловите еден по еден. Некои од вас веројатно и го топат бисквитот во млеко, чај или кафе, за да го омекнете токму по вкус? Некои, пак, само нестрпливо ќе го мацнат во уста така, целиот, во име на принципот за почитување на оригиналниот дизајн, нели
Објавено на 21.04.2022 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на систем со две ѕвезди, со бело џуџе (во преден план) и придружна ѕвезда (во позадина), каде што може да се појават микронови.
Користејќи го VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија, тим астрономи забележаа нов тип на ѕвездена експлозија – микронова. Овие настани се случуваат на површината од одредени ѕвезди и секоја за само неколку часа може да согори ѕвезден материјал еквивалентен на Големата пирамида од Гиза помножена за 3,5 милијарди пати !
Објавено на 20.04.2022 - 22:30

Медицина
Денеска Македонија премина од IV во III степен на ризик за пренесување на заразата, според критериумите на Европскиот центар за спречување на заразни болести ЕЦДЦ. 14-дневната инциденца опадна под 120 случаи на 100 000 жители за 14 дена (на првиот дијаграм), што претставува еден од трите критериуми.
Објавено на 19.04.2022 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Во небеската парада ќе учествуваат планетите Венера, Марс, Сатурн, но и Јупитер
Битна информација за сите ноќни птици. Оваа недела ноќното небо приредува една мошне ретка глетка во која ќе може да уживате сите вие што имате остар вид (или во најмала рака двоглед) и чисто небо. Имено, почнувајќи од денес во текот на наредните неколку недели на ноќното небо ќе може да ги набљудувате четири од петте планети видливи со голо око – Јупитер, Венера, Марс и Сатурн – подредени на источното небо, некаде пред зори.
Објавено на 18.04.2022 - 16:00

Телекомуникации
Денес, 18 април, го одбележуваме Меѓународниот ден на радиоаматерите од целиот свет. На денешен ден во 1925 година, во Париз, се формирала Интернационалната унија на радиоаматерите (IARU – International Amateur Radio Union).
Објавено на 18.04.2022 - 08:45

Pages