Рубрика: Астрономија и астронаутика
Лансирање на новиот спејс-шатл Tenacity до крај на 2024 година?
Објавено на 31.05.2024 - 13:15

Се ближи моментот кога нов тип на вселенски шатл ќе ја напушти Земјата и ќе се упати кон Меѓународната вселенска станица. Вселенскиот авион Dream Chaser е производ Сиера Спејс. Засега тој нема да носи и екипаж, туку само ќе пренесува товар. Dream Chaser-от наречен Tenacity деновиве пристигна во вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида. Плановите се тој да биде лансиран од Кејп Канаверал кон Меѓународната вселенска станица до крајот на оваа година

Пред да пристигне на Флорида, вселенскиот авион и неговиот товарен модул биле подложени на тест за вибрации на најмоќниот систем за „тресење на вселенски летала“ во светот, во комплексот Space Environments на американската агенција.

По овој тест, леталото и неговиот товар ќе бидат изложени на ниски амбиентални притисоци и температури во распон од -110°C до 150°C, услови слични на оние што ги очекуваат во вселената. Тие потоа ќе бидат подложени на акустички и електромагнетни интерференции. А ќе бидат извршени и внимателни проверки на системот за термичка заштита на вселенскиот авион и конечно, финалното оптоварување на материјалот што треба да се понесе во орбитата.

Вселенскиот авион Dream Chaser е долг 10 метри и широк 4,5 метри. Колки за споредба, спејс-шатлот на НАСА беше долг 56 метри и имаше опсег на крила од 8,7 метри. Крилестата структура му овозможува да транспортира товар до и од ниската орбита на Земјата и да слета на писта, исто како што тоа го правеше и вселенскиот шатл на НАСА.

Леталото ќе може да носи до 3400 килограми товар внатре и други корисни товари надвор, каде што нема да има притисок. Dream Chaser ќе лета најмалку седум товарни мисии до вселенската станица, мисии нарачани од НАСА за проширување на комерцијалните услуги за полнење гориво во ниската орбита на Земјата.

Идните мисии би можеле да траат до 75 дена и благодарение на можностите на карго модулот Shooting Star, ќе може да транспортира до 5200 килограми товар. Додека вселенското летало Dream Chaser може повторно да се употреби и може да врати до 1500 кг товар на Земјата, модулот Shooting Star е дизајниран да биде оставен на надморска височина и да изгори при повторното влегување во атмосферата, овозможувајќи отстранување на до 3800 кг ѓубре произведено на МВС.

Како дел од процесот на сертификација на системот за возила за идни мисии за снабдување, НАСА и Сиера Спејс ќе го стават на тест вселенскиот авион веднаш штом тој се најде во орбитата. Како што Dream Chaser Tenacity ќе се приближува до вселенската станица, тој ќе спроведе серија маневри за да ги покаже своите способности да напредува, да сопира, да се движи и целосно да застане на дадена локација.

По завршување на демонстрациите за маневрирање, астронаутите од вселенската станица ќе ја користат роботската рака Canadarm2 за да го “фатат” вселенското летало и да го прикачат на отворот свртен кон Земјата.

Откако ќе остане во орбиталната лабораторија приближно 45 дена, вселенскиот авион ќе биде пуштен и ќе се врати со слетување во al Kennedy Launch and Landing Facility. Вселенскиот авион ќе полета со новата ракета Vulcan ULA (United Launch Alliance) од Space Launch Complex-41 на вселенската станица Кејп Канаверал. Првото лансирање е закажано кон крајот на 2024 година.

Клучни зборови: