Конфликтот во Украина има донесе низа огромни последици – загубата на човечки животи е неизмерна, а глобална ситуација е сѐ понестабилна. Но, ефектите од борбите не ги чувствуваат само на луѓето, туку и животните. Една нова студија објавена во Current Biology објаснува како присуството на конфликтни зони го принудило големиот орел кликач, чиишто миграциски рути поминуваат преку Украина, да го промени движењето. Ова носи низа последици за здравјето на единките и ја ремети способноста тие да ја обезбедат храната што им е потребна за да го издржат патувањето.
Студијата за овој вид орли започна во 2017 година, кога тим од Естонскиот универзитет за животни науки (Estonian University of Life Sciences) „означи“ 21 примерок од овие предатори со цел да ги следат нивните миграторни движења; овие птици сега исчезнаа од поголемиот дел од Европа, а Полезија, регион во Белорусија на границата со Украина, останува едно од ретките места каде сè уште е можно тие да се видат.
Целта на студијата беше да се идентификуваат т.н. миграциски ‘жаришта’ на орлите, односно областите каде птиците застануваат за време на миграцијата за да се снабдат со храна и за да одморат. Меѓутоа, во 2022 година, по инвазијата од Русија, студијата доби неочекуван пресврт, бидејќи за првпат тимот ги следел движењата на орлите во воена зона. Она што било откриено, преку споредување на GPS-податоците од орлите со податоците со најголемите борбени дејства во конфликтот, е дека орлите морале да ја сменат својата рута и да ја издолжат, со што на ‘жариштата’ пристигнуваат подоцна од вообичаеното. Тоа им оставило помалку време да се освежат, а истовремено ги принудило да потрошат повеќе енергија од вообичаено за да стигнат до целта, поради заобиколувањата што морале да ги направат за да ги избегнат опасностите.
Мора да се каже дека од 21 означен орел сите преживеале и пристигнале на својата дестинација, но имале повеќе потешкотии, а ризикот е дека дел од ненабљудуваните примероци не можеле да го завршат своето миграциско патување. Студијата исто така забележува дека е можно војната во Украина да влијаела и на миграторините движења од другите птици преселници, меѓу кои и некои загрозени видови.