Рубрика: Аудио и видеотехника
Проширена реалност во ТВ-преносите на спортските настани
Објавено на 30.05.2024 - 19:15

Вештачката интелигенција и проширената реалност ќе им понудат на љубителите на тенисот попривлечно и податочно побогато искуство при телевизиските преноси. Всушност, некои веќе уживаат во оваа понуда...

Наскоро ТВ-преносите на тениските натпревари ќе станат многу попривлечни благодарение на проширената реалност и вештачката интелигенција. Всушност, некои од вас можеби веќе уживаат во искуството – ентузијастите кои во моментов ги следат збиднувањата на турнирот Ролан Гарос преку апликациите Orako и Seven (платформи за спортско обложување), кои во нивните услуги достапни со плаќање интегрираа технологија базирана на проширена реалност и вештачка интелигенција. Творец на новата технологија е Sportradar 4Sight, швајцарска компанија која работи на полето на спортската технологија и партнер не само на ATP Tour, туку и на други водечки спортски настани и лиги како кошаркашката NBA лига, хокеарската NHL, UEFA лигата и италијанската Serie A.

Во моментов, следењето на мечот на ТВ е придружено со низа интересни бројки, емитувани помеѓу два гема, два сервиса, итн.. – резултатот, просечната оддалеченост на играчот од мрежата, брзината на ударот, различните проценти на игра, без да се земе предвид таканареченото „око соколово“, способно да провери дали топката допрела некоја линија на теренот или не. Што повеќе би можеле да побарате, тогаш? Едноставно – сево ова да биде достапно во реално време, токму додека играат тенисерите. Новитетот дебитираше лани во март со АТП турнирот во Индијан Велс, но Патрик Мостбоек, потпретседателот на швајцарската компанија, вели дека можностите може да се прошират во иднина.

Наша долгорочна цел е да работиме со тениските радиодифузери за да вклучиме статистички сознанија во натпреварите во живо“, објаснува Мостбоек. „Цврсто веруваме дека оваа технологија ќе го трансформира начинот на кој навивачите ќе комуницираат со тенисот, сега и во иднина.“

А, понудата е примамлива: достапните функционалности ги надминуваат графиките на кои сме навикнати и успеваат да понудат непосредна перцепција за она што се случува на теренот. Како ова се случува може да погледнете од видеото во прилог, каде се прикажани делови од мечот помеѓу русинот Карен Kачанов и американецот Џон Иснер. Додека тие играат, виртуелната графика оживува, преклопувајќи ги дејствата, со линија што ја следи траекторијата на топката или со круг што ја истакнува точката на удар во теренот, предупредувајќи дали топката паднала внатре или надвор од него.

Понатаму, се отвораат низа информативни прозорчиња што исчезнуваат, кои тековно го информират гледачот со наведување податоци и статистика, а има и истакнување на исклучителни моменти од играта како ас, мрежа (нет) или фаул.

Целиот процес е автоматизиран и се случува со исклучително мала латентност“, наведува Мостбоек. „Во моментов, создаваме по еден пренос за секој настан, но следниот чекор ќе биде да ги направиме графиките и камерите приспособливи“.

Тоа значи дека ќе можете да изберете кои „слоеви“ да ги задржите активни и од која гледна точка да го следите натпреварот. Но, како функционира откривањето на траекторијата на топката? Или како системот разбира дали ударот ќе влезе во или надвор од границите на теренот?

Нашите партнери во Tennis Data Innovations (TDI) и ATP собираат милиони податоци од секој натпревар“, објаснува Мостбоек.

Огромното количество податоци собрани од камерите и сензорите дисперзирани низ теренот се пренесуваат до систем кој со помош на вештачка интелигенција ги толкува и обработува, трансформирајќи ги „необработените броеви“ во... “патеки што ја следат траекторијата на топчето. или во кругови кои накратко се појавуваат на тлото“.

Клучни зборови: