Да се бараат врвни научни резултати во услови на системски ограничувања („калдрма“) е инфраструктурен апсурд за кој често дебатираме. Но, таа инфраструктура е само видливиот дел од сантата мраз. Под површината се кријат механизми што тивко, но темелно го пренасочуваат нашиот интелектуален суверенитет – и во крајна линија, директно ја нагризуваат националната безбедност.