Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија организира семинар на тема "Енергетски Ефикасни Објекти - заштеда и менаџирање на енергијата" кој ќе се одржи во Скопје на 5 Декември 2013 г, со почеток од 10 часот. Семинарот е отворен за сите заинтересирани учесници, a во исто време ќе се одржи и Свечено Собрание на Комората на Мал Бизнис со можност за прием на нови членови во Здружението за енергетска ефикасност при Комората - ЕУРЕМ МК.
Котизацијата за учество изнесува 2350,00 ден - попуст 35% за двајца и повеќе пријавени од исто претпријатие/организација.
Целите на семинарот се:
• претставување на стандардите за Енергетска реконструкција и контрола на енергетски процеси во градежни и индустриски објекти - енергетски менаџмент во објектите
• претставување практични и иновативни решенија за имплементација на техничките уреди и системи за намалување на потрошувачката на енергија во објектите и за искористување на обновливи извори на енергија во објектите ,
• претставување на ЕУРЕМ програмата и можноста за изработка на проекти за енергетска заштеда,
• понуда на услуги за финансирање на проекти за енергетска санација на објекти
Целни објекти се:
• деловни објекти - административни деловни објекти, комерцијални продажни објекти, магацински објекти итн
• јавни објекти - болници, училишта, административни објекти на локалнaта смоуправа, објекти на државна администрација итн.
• индустриски објекти - производство и процеси со голема потрошувачка на сите видови енергија
• туристички и угостителски објекти, хотели, ресторани итн.
• станбени објкети - згради, станбени комплекси, приватни куќи итн.
Учесниците на настанот, пред потенцијалните партнери и спонзори, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните Фондови за енергетска ефикасност и кредитни линии за енергетски ефикасни проекти на Комерцијалните Банки.
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на пријавата која може да ја симнете од sbch.org.mk и која потоа треба да се достави на е-маил: info@sbch.org.mk или на факс: (02) 244 8134.
Со "EUREM Plus" проектот на Европската комисија во Македонија е овозможена изработка на компетентни сертифицирани проекти за енергетска заштеда со пристап до соодветните кредитни линии или фондови. Здружението за енергетска ефикасност при Стопанската Комора на Мал Бизнис www.sbch.org.mk е иницијатор на ЕУРЕМ МК конзорциумот носител на локални и регионални проекти за заштеда и менаџирање на енергијата во Енергетски ефикасни објекти.