Постојат многу причини зошто едни луѓе се посреќни од другите, и овие причини се различни кај различни луѓе. Основни фактори кои ја предодредуваат среќата се психолошките, физиолошките, емоционалните и генетските фактори, како и самата ситуација.
Основна карактеристика на сите оптимисти е тоа што тие дури и по автомобилска несреќа се спремни да кажат: "Среќа што сум жив", а не "Зошто ми се случи ова на мене?" Оптимизмот се гледа и во тоа што некој уплаќа лото цел живот и никогаш не добива ништо, а некој што го уплатил првиот тикет во животот успеал да добие милион. Но, и едниот и другиот го сакаат истото. Дали нашата желба има некое влијание врз среќата? Кој добива – оној што сака повеќе или посилно? Дали и покрај позитивното размислување уште нешто е пресудно за чувството на среќа?
Верувањето во факторот среќа може да го услови развојот на позитивното размислување, кое последично води до среќни околности. Луѓето кои веруваат во среќа се оптимисти, задоволни се во животот и убаво се расположени. На лошите случувања гледаат како на сплет од околности, но на нив не се сопнуваат, туку одат подалеку самоохрабрувајќи се. Оптимистите ги карактеризираат уште некои особини: флексибилни се, отворени за промени и за учење нешто ново, ги усогласуваат личните вредности и уверување со животот што го живеат, подготвени се за ризик, имаат делотворна комуникација, сами со себе и со другите.
А секој од нас има предиспозиции да оствари некоја од овие позитивни особини. Некогаш потенцијалите со кои располагаме се видливи и лесно достапни, а некогаш е потребно да се ослободат. Единствено е сигурно дека потенцијалите се тука во нас и околу нас. Колку појасно и попрецизно го дефинираме целите и својата визија, толку ќе ни биде полесно да ги препознаеме своите потенцијали за целосна среќа и нив да ги примениме.