Астрономија и астронаутика
За тоа дека Војаџер 2 го напушто Сончевиот систем и почна да патува низ меѓуѕвездениот простор јавивме лани. Веста тогаш пристигна од НАСА, а во неа беше кажано дека со мерењата од неколку инструменти на леталото, била регистрирана промена којашто укажува дека леталото го напушти сончевиот систем.
Објавено на 06.11.2019 - 10:45

Информатика
Апликацијата за навигација Google Maps ја воведува опцијата Incognito со којашто се спречува архивирањето податоци врзани за една сметка на Google. Со активирање на оваа опција, автоматски се исклучува историјата на пребарувањето и локацијата. Ова значи дека додека опцијата е активирана,...
Објавено на 05.11.2019 - 15:15

Информатика
По играта “Wounded“, уште една македонска игра го наоѓа своето место на најпознатата светска платформа за игри Steam . Се работи за возбудливата 3D видео игра, The Strange Story Of Brian Fisher на македонското гејминг студио Intetic .
Објавено на 05.11.2019 - 12:00

Аудио и видеотехника
Вчера, со втората проекција, заврши 27 издание на Фестивалот на аматерскиот и документарен филм Камера 300. Сè уште не стивнуваат впечатоците од прикажаните и наградени филмови на овогодишниот Интернационален фестивал на аматерски документарен филм – социјалните мрежи се преполни со фотографии од средбите пред, за време и по прикажувањето на двете проекции на документарните филмови.
Објавено на 04.11.2019 - 16:30

Роботика
Модуларните самотрансформирачки коцкести роботи од МИТ
Кој раснел во осумдесетите години на минатиот век сигурно се сеќава на серијата “Соколите од планетата Земја” каде Соколите и нивните роботи Зероиди се борат против вселенската инвазија на Зелда и нејзидните роботи коцки. Е па, се чини дека некому му текнало дека коцката и не е така лоша форма за модуларен робот од којшто ќе се бара да формира повеќе структури. И ги засукал ракавите...
Објавено на 04.11.2019 - 10:15

Аеронаутика
Во понеделникот, 28 октомври, во Холидеј Ин беше промовирано уште едно дело од реткиот опус книги во кои се следат чекорите на воздухопловната историја во Македонија.
Објавено на 02.11.2019 - 02:00

Астрономија и астронаутика
Глинените плочки од седмиот век пред нашата ера, на коишто со клинесто писмо се врежани набљудувањата на астрономите на необичната светлина на ноќното небо, го претставуваат можеби најстариот доказ за појавата на поларна светлина поврзана со екстремната сончева активност. Описите од плочките се совпаѓаат со изотопските траги што останале забележани во годовите на дрвјата.
Објавено на 01.11.2019 - 11:45

Биологија
Свилените конци на пајажината можат да имаат трајност од неколку часа до неколку недели, без да се распаднат и да изгнијат. Според едно ново истражување, ова се должи на неможноста на бактериите што го помагаат распаѓањето да пристапат до азотот во пајаковата свила. Имено, токму азотот е хранливата материја што микроорганизмите ја користат за раст и за репродукција.
Објавено на 31.10.2019 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Новата фотографија на Хигија во висока резолуција, направена со помош на телескопот ВЛТ
Со помош на адаптивната оптика на инструментот SPHERE на телескопот VLT (Very Large Telescope) при Јужната европска опсерваторија во Чиле, астрономите откриле дека астероидот Хигија може да се класифицира како џуџеста планета. Објектот, лоциран во астероидниот појас, е четвртиот по големина астероид по Церес, Веста и Палас. За првпат, астрономите биле во можност да ја набљудуваат Хигија во доволно висока резолуција којашто овозможува поблиско проучување на нејзината површина и утврдување на нејзината форма и големина. Набљудувањата откриваат дека Хигија има сферна форма, што би можело да ја класифицира како џуџеста планета. Ако ова се случи, титулата на најмала џуџеста планета во Сончевиот систем веќе нема да му припаѓа на Церес.
Објавено на 30.10.2019 - 15:00

Хемија
Група американски истражувачи развиле каталитички метод за претворање на пластиката за еднократна употреба во висококвалитетни течни производи како што се моторни масла, лубриканти, детергенти, па дури и козметика.
Објавено на 30.10.2019 - 12:00

Pages