Можеби фотографијава ви прилега на некаква фотомонтажа, но ако сте на вистинското место во вистинското време, би виделе токму вакво нешто. Секако, ниеден човек досега не го има видено ова, но сателитите можат да ни го доловат со своите камери.
Еден таков сателит е Deep Space Climate Observatory на НАСА. Вообичаено, од Земјата ја гледаме само едната страна на Месечината, додека онаа другата, подалечната што не ја гледаме, сосема погрешно ја нарекуваме темна страна на Месечината. Но, во реалноста состојбата е сосема поинаква – во конкретнава ситуација страната што ние ја гледаме од Земјата е темна, додека онаа што не ја гледаме, на фотографијава е сосема осветлена.
Во оваа фаза Месечината е во т.н. фаза на млада месечина. Доколку Месечината би се нашла на геометриска линија со Сонцето, тогаш на Земјата би се случувало затемнување на Сонцето, но тоа ретко се случува.
Ако се прашувате каде на сликата се Сонцето и ѕвездите, еве и одговор. Сонцето е баш од позицијата од која вие ја гледате целата оваа композиција на Месечината и Земјата, а ѕвездите не се гледаат затоа што оваа фотографија е снимена со експозиција многу помала од една секунда. За да се забележи сјајот и на најсјаната ѕвезда, ви треба експозиција од најмалку една секунда, а за послабите и многу повеќе.
Фотографијата, преземена од НАСА, е направена во 2016 година и е прогласена за најдобрата фотографија направена од сателит во таа година.
Како бонус ви нудиме видео од транзитот на Месечината пред Земјата, направено од фотографии од истиот сателит.