Екологија
Ноќна фотографија на Пиринејскиот Полуостров направена од вселената
Фотографијата во прилог е направена од екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС). На неа јасно се гледаат светлинските контури на Пиринејскиот Полуостров, давајќи јасна ноќна слика за населеноста на Шпанија и Португалија.
Објавено на 18.10.2019 - 12:00

Информатика
Научниците произведоа облека која звукот го претвора во вибрации, овозможувајќи им на луѓето со оштетен слух да ја доживеат музиката низ чувството за допир.
Објавено на 17.10.2019 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Кога помислуваме на шетање по површината на Месечината, си спомнуваме за малите потскокнувања на Нил Армстронг и Баз Олдрин. Но, новата генерација вселенски костими ќе значи поприродно движење на астронаутите насекаде, па дури и на површината на Месечината. Како бонус, новиот вид костими доаѓа без ограничувања во поглед на величината – истиот костим ќе може да го користат повеќе астронаути, независно од нивната висина и корпулентност.
Објавено на 16.10.2019 - 14:15

Медицина
На левата страна од сликата може да се забележи неутрофил со розово јадри и зелени гранули
Алергиската астма претставува здравствен проблем што бележи голем пораст. Во потрага по механизмите што ја предизвикуваат оваа состојба, помеѓу различните тригери сместени во животната средина истражувачите неочекувано пронајдоа заеднички алергенски причинител.
Објавено на 16.10.2019 - 12:00

Информатика
Планот на Facebook од следната година да воведе сопствена криптовалута – Libra, наиде на сериозна препрека откако Visa, MasterCard и eBаy се повлекоа од проектот.
Објавено на 15.10.2019 - 12:45

Климатологија
Проектот за следење на сите аспекти од процесот на топење на глечерот што забрзано го снемува, можеби ќе даде конечен одговор на прашањето чија итност ги притиска научниците – Колку бргу ќе расте нивото на светските мориња?
Објавено на 14.10.2019 - 11:15

Биологија
Време е на хорор филмови и страшни костими. Ноќта на вештерките многумина ја користат за плашење на себе си и на оние околу себе, но дали некогаш сте се запрашале зошто се ежиме и трепериме од страв?
Објавено на 10.10.2019 - 16:45

Биологија
Пар од ендемскиот вид Sus cebifron
Засега знаеме дека повеќе животински видови користат едноставни алатки, помошни средства за извршување на некоја задача. Како што веќе сме пишувале и во ЕМИТЕР “фатени на дело” како користат некое помошно средство досега биле делфините, враните и шимпанзата. Неодамна, National Geographic објави видео на коешто се гледаат и свињи што употребуваат парче кора од дрво или стапче како помошна лопатка при ринењето земја.
Објавено на 09.10.2019 - 13:00

Омнибус
Во Скопје, од 24 до 26 Септември 2019, во Домот на АРМ се одржа Третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2019. Организатор беше Национална Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM), а саемот го помогнаа Државниот завод за индустриска сопственост, Министерството за одбрана, Фондот за иновации и Министерството за образование.
Објавено на 08.10.2019 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Сондата Џуно се наоѓа во орбитата на оваа Јупитер веќе 3 години, а досега има испратено голем број податоци за овој гасен џин. Минатата недела техничкиот тим на мисијата Џуно од НАСА беше приморан да изведе комплексен маневар со ова летало, којшто ако не беше спроведен успешно, ќе значеше крај за оваа мисија на 3 ноември.
Објавено на 08.10.2019 - 14:15

Pages