Рубрика: Омнибус
Препорака: МК Хоби Алати – врталиште за сите домашни мајстори
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 10.09.2021 - 13:00

Веќе речиси 1 година е активна Фејсбук групата МК Хоби Алат за споделување на искуства на македонските хобисти за разновидни алатки што се нудат на нашиот пазар. Во оваа група може да се запознаете со искуствата при користење на алатки за разновидни занаети.

Најчесто претставувањето е со краток, нo искрен опис на искуствата на членовите кои најмногу се хоби или аматери занаетчии во разновидни дејности, a се пасионирани корисници на алатки за што подобро изведување на поставените задачи.

Основна цел на оваа група е да се сподели искуство кои алатки се достапни во МК и вредат да се набават а кои не. Со ова им се помага на членовите средствата кои се подготвени да ги потрошат да инвестираат во добри алатки.

Како што се наведува во описот од групата, во неа особено се добредојени своите искуства да ги споделат професионалци во своите занаети, во врска со алатите и материјалите кои ги користат, но и да дадат препораки за набавка на одредени алати достапни на македонскиот пазар.

Наша топла препорака е да ја посетите и, се разбира, ако и вам ви се допадне презентираното приклучете се да ја следете ја размената на мислења и да споделите некои од вашите искуства. 

Линк до групата: https://www.facebook.com/groups/2741173289325568/ 

Клучни зборови: