Рубрика: Информатика
Твитер воведува ознаки за бот сметките
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 15.09.2021 - 13:00

Твитер најави воведување на ознаки за автоматизираните сметки. Функцијата овозможува овие сметки да бидат означени како “бот” сметки за луѓето да можат да ги разликуваат автоматизираните сметки од сметките управувани од луѓе.

Компанијата наведе примери за “добри ботови“, какви што се сметките што можат да ви помогнат да закажете вакцинација или сметките што предупредуваат на природни и други катастрофи. Како што истакнуваат од компанијата идејата е дека оваа информација ќе овозможи поефикана комуникација со ваквиот тип сметки – “Кога знаете дека овие сметки се автоматизирани, подобро ја разбирате нивната цел кога комуницирате со нив“.

Првично, за време на тест-фазата, мал број програмери ќе бидат поканети да применат ознаки за автоматските сметки што ги поставуваат и одржуваат, за до крајот на годината новата функција да стане достапна за сите развојни инженери. Кај тест-сметките кои имаат активирани ознаки, на страницата на профилот и на самите твитови ќе се појави ознаката Automated. Меѓутоа, овие ознаки нема да бидат задолжителни.

Како се прикажува ознаката за автоматизирана сметка на профилот од бот-сметката и на тајмлајнот

Во меѓувреме, компанијата ќе продолжи со отстранување на не-автентичните сметки за кои смета дека ги прекршуваат правилата на платформата. Имено, ботовите честопати се поврзуваат со пласирање на дезинформации на платформата и претставуваат голем проблем за компанијата. Имено, едно истражување на Универзитетот Карнеги Мелон спроведено минатата година покажа дека речиси половина од сметките на Твитер што објавуваат информации на платформата во врска со ковид пандемијата се веројатно автоматизирани сметки. 

Изминативе години Твитер отстрани десетици милиони сомнителни “бот” сметки. Но, и покрај ова, во Твитер веруваат дека некои автоматизирани сметки имаат позитивно влијание врз платформата. Една таква сметка, која беше прикажана како „добар бот“, објавува твитови во живо секој пат кога во Сан Франциско има земјотрес.

Во Твитер веруваат дека со ознаките на “бот сметките” ќе ја зголемат нивната легитимност и ќе изградат доверба и транспарентност кај нивната публика.

Клучни зборови:
Како изгледа ознаката за автоматизирана сметка на профилот од бот-сметката

Како изгледа ознаката за автоматизирана сметка на профилот од бот-сметката

Како изгледа ознаката за автоматизирана сметка на вашиот тајмлајн

Како изгледа ознаката за автоматизирана сметка на вашиот тајмлајн