Информатика
Во октомври минатата година долгоочекуваната платформа на EnGenius стана реалност. Сега, шест месеци подоцна, EnGenius Cloud е поуспешна од кога било. Услугата вклучува платформа во облак за активирање, пристапување и за менаџирање со пристапните точки и приклучоците на EnGenius. Се работи за бесплатна услуга која ги опремува и домовите и работните простории со интернет конекција на едноставен и исплатлив начин.
Објавено на 26.04.2021 - 08:45

Омнибус
Во овој викенд-времеплов ги славиме родендените на швајцарскиот хемичар Жан Шарл Галисар де Марињак, швајварски хемичар, како и на Гуљелмо Маркони, италијански пронаоѓач татко на радиото, но и на вселенскиот телескоп Хабл. Овој викенд се навршуваат и 54 години од погибијата на космонаутот Владимир Комаров, 162 години од почетокот на конструкцијата на Суецкиот канал, и 25 години од првата агресивна рекламна кампања на Јаху со којашто сите дознаа за овој пребарувач...
Објавено на 25.04.2021 - 23:00

Медицина
Германците дури и епидемијата ја решаваат со технички методи. Мојата одамнешна замисла за автоматско, алгоритамско прогласување на каранрин ако 14-дневната инциденца надмине 150 –200 случаи на 100 000 жители, Германците ја спровеле во дело. Таа метода ја нарекле нотбремзе (Notbremse), односно хавариска сопирачка, која сите ја знаеме од возовите.
Објавено на 25.04.2021 - 15:45

Хемија
Возбудливите новости од мисијата на НАСА на Марс не престануват. Само два дена по првиот лет на хеликоптерот Ingenuity, научниците докажаа дека од ретката атмосфера на Црвената планета може да се добие воздух што би бил соодветен за одржување живот, односно којшто идните астронаути ќе може да го дишат.
Објавено на 23.04.2021 - 21:15

Омнибус
Денес го славиме роденденот на Макс Планк, таткото на квантната теорија, го одбележиваме денот кога беше патантиран уредот за анимација Зоотроп, поставувањето на првото YouTube видео и лансирањето на првиот сателит на САД кој ќе пристигне до Месечината...
Објавено на 23.04.2021 - 18:30

Информатика
Bitcoin и Ethereum не се единствените дигитални валути што достигнаа рекорднo највисоки вредности оваа недела. Kриптовалутата Dogecoin, која во своето лого има лице на куче од расата шиба ину, за прв пат ја надмина вредноста од 10 центи.
Објавено на 23.04.2021 - 09:00

Медицина
Во понеделникот, беше објавена куса анализа на првите, прелиминарни резултати од истражувањето што се спроведува во Србија, а кое се однесува на општата ефикасност на вакцините против ковид, но и на секоја од употребуваните вакцини одделно. Со оглед на тоа што Србија може да се пофали со една од највисоките стапки на вакцинација во Европа, а притоа се користат вакцини од неколку различни прозиводители, резултатите се мошне интересни за разгледување.
Објавено на 22.04.2021 - 22:30

Омнибус
Денес по 51 пат го одбележуваме Денот на планетата Земја, ден замислен за подигање на свеста во врска со глобалните еколошки проблеми. Покрај ова во денешниот времеплов 130 години од раѓањето на Херолд Џефрис, 145 години од раѓањето на Роберт Барани, и 329 години од раѓањето на шкотскиот математичар Џејмс Стирлинг. Пред точно 965 години на денешен ден кинеските астрономи го прават последниот запис од набљудувањето на суперновата што денес ја знаеме како маглината Рак. Одбележуваме и два мрачни датуми – денот кога за првпат беше употребено хемиско оружје и денот кога е за првпат бил направен ТВ-пренос од детонирање на нуклеарна бомба...
Објавено на 22.04.2021 - 22:00

Екологија
Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а човештвото одбива да ја научи оваа лекција и продолжува “по старо”...
Објавено на 22.04.2021 - 11:45

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме Перси Бриџмен, американски физичар познат по неговата работа во доменот на физиката на високи притисоци, и на Валтер Флеминг, германскиот биолог познат како зачетник на цитогенетиката. Покрај ова денес одбележуваме 49 години од слетувањето на петтата мисија со човечки екипаж, Аполо 16 на Месечината...
Објавено на 21.04.2021 - 22:30

Pages