Медицина
Фотографија од внатрешната страна на очниот капак, направена со стандардна камера за паметни телефони, насскоро би можела да се користи за скрининг за анемија. Вака барем се најавува во студијата на Селим Сунер, од Универзитетот Браун и Болницата Род Ајленд, и на неговите колеги, која беше објавена неделава во списанието со отворен пристап PLOS ONE.
Објавено на 15.07.2021 - 14:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Џеј Форестер, творецот на Wirlwind, и на Џослин Бел, астрономот што ги откри пулсарите, односно првите четири пулсари. Покрај ова го одбележуваме и лансирањето на конзолата Фамиком за игри, стартот на социјалната мрежа Твитер и испраќањето на првата шифрирана порака со помош на машината Енигма.
Објавено на 14.07.2021 - 18:15

Индустриски дизајн
Изминатата среда, на 7. јули 2021, се оддржа мала свеченост за одбележување на петгодишнината од постоењето на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (НАПМ). Настанот се одржа на зелениот покрив на Домот на градежниците во Скопје.
Објавено на 14.07.2021 - 18:00

Енергетика
Сингапур ја претстави една од најголемите пловечки фарми за соларна енергија во светот, со површина од 45 хектари. Фармата е дел од настојувањето за намалување на стакленичките гасови на оваа град-држава.
Објавено на 14.07.2021 - 15:00

Физика
Едно ново откритие укажува на тоа дека магнетизираната плазма има 10 уникатни фази. Откритието претставува сосема мал напредок, но сепак исчекор кон можноста за искористување фузиска енергија, онаа истата како на ѕвездите, некаде во иднината.
Објавено на 13.07.2021 - 19:15

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 167 години од раѓањето на Џорџ Истман човекот што ја приближи фототехниката до обичниот човек, и 77 години од раѓањето на Ерне Рубик, човекот што ја создаде една од најпопуларните 3Д загатки, рубиковата коцка. А на денешен ден пред 189 години беше идентификуван и изворот на Мисисипи, најголемата река во Северна Америка...
Објавено на 13.07.2021 - 15:15

Информатика
Супер Марио стана првата игра што некогаш била продадена за повеќе од еден милион долари! Познатата видеоигра „Супер Марио“ за конзолата Nintendo 64 викендов беше продадена на аукција по цена од 1,56 милиони долари, што е нов рекорд за една игра, објави американската аукциска куќа Heritage Auctions.
Објавено на 12.07.2021 - 16:30

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој трет дел од серијата зборуваме за темата: „Дали ракетите и сателитите можат да ја преживеат термосферата“?
Објавено на 11.07.2021 - 21:30

Медицина
Со големо жалење морам да констатирам дека нема ништо од свеченото прогласување крај на епидемијата во текот на август. Преминот од намалување кон зголемување на дневните броеви на нови случаи , којшто прв го предвиде ефективниот репродукциски број Rt (со седумдневно усреднување) уште пред неколку дена, веќе е потврден во сите временски рамки. На дијаграмот на втората слика гледаме дека Rt со 15 дневно усреднување, пресметан со една друга метода, исто така веќе наголемо е над единица. Дури и со 20-дневно усреднување Rt веќе надмина 1,30. Јасно е дека нема враќање наназад, броевите допрва ќе растат. Засега имаме локална трансмисија во Тетово, можеби и во Скопје, но прашање на денови е кога ќе се прелее и во останатите градови.
Објавено на 11.07.2021 - 13:15

Медицина
Дали и колку вакцините се ефикасни против Делта сојот на корона вирусот? Ова прашање е важно за да видиме дали вакциналниот сертификат би давал доволна сигурност за патување во странство. Минатата недела имавме анализа за тоа каква е ефикасноста на вакцината Синовак, а сега ќе анализираме каква е ефикасноста на вакцината Фајзер против Делта сојот.
Објавено на 10.07.2021 - 20:00

Pages