Рубрика: Информатика
Дали колор палетата во филмовите го открива жанрот и годината?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 16.08.2023 - 14:30

Од сепија тоновите во филмот на браќата Коен сместен во времето на Валканите триесетти до детското црвено палто во Спилберговата „Шиндлерова листа“, филмаџиите долго време ја знаат моќта на бојата во филмовите. Сега, компјутерските научници се нафатија да ги анализираат палетите употребени во филмовите во последните 60-тина годии за да направат слика за изминатите шест децении во филмот.

Истражувачите од Универзитетот во Ватерло се слуѕжеле со техниката наречена k-means кластерирање за да ги анализираат трејлерите на повеќе од 29 000 северноамерикански филмови снимени помеѓу од 1960 до 2019 година.

Избравме да ги анализираме трејлерите бидејќи тие обично вклучуваат многу од клучните моменти во филмот, а истовремено се кратки и јавно достапни“, вали Андреа Покол, кандидат за доктор по компјутерски науки во Ватерло и коавтор на студијата. „Трејлерите ни обезбедуваат веродостојна снимка од филмот, за да можеме ефикасно да извлечеме многу податоци”.

Нивната техника произведе како поопшти палети со осум бои така и подетални палети со 15 бои, демонстрирајќи ги доминантните бои за различни податочни збирки, кои вклучуваат специфични филмови, жанрови и децении. Тие го користеа методот за генерирање палети за поединечни филмови, како на пример за “Сјаење” (The Shining) или Матрикс (The Matrix), но и за групи филмови, какви што се научно-фантастичните филмови или филмовите што се нашле во киносалите во одреден временски ограничен период. Притоа, нивниот алгоритам се подобрил, споредено со претходните аналитички методи, со елиминирање на тоновите на кожата и сивилото од асфалтот со цел попрецизно да се претстават незаборавните бои што се користат во филмовите.

Истражувачите откриле дека во одредени жанрови преовладуваат специфични бои. Како што можеше и да се очекува, колор палетата за вестерн филмовите покажува дека режисерите ги користат истите пригушени земјени тонови независно од ерата во која тие се снимани, додека во научната фантастика мошне доминантна е неон-зелената палета.

Додека филмовите во 1960-тите и 1970-тите имаат тенденција да користат повеќе заситени основни бои, анализата на тимот покажа дека современата технологија им овозможила на режисерите да употребат поширок спектар на бои во креативни цели“, вели Покол.

Крајна цел на тимот е преку употреба на науката за работа со податоци да им се помогне на режисерите во филмската индустрија да ги разберат трендовите во создавањето филмови, вклучително и еден ден да може евентуално да се предвиди дали некој филм ќе биде блокбастер или промашување.

Студијата „Бојата на хоророт“ (The Color of Horror) беше објавена во Зборникот на трудови од 19-тата Европска конференција за визуелна медиумска продукција (European Conference on Visual Media Production) ACM SIGGRAPH.

Клучни зборови: