Информатика
Објавено на 25.10.2021 - 17:00

Медицина
Добри вести: откриен е механизам кој спречува воспаление на централниот нервен систем како последица на воспаление во стомакот. Лоши вести: промената на релација црева-мозок генерира анксиозност и депресија.
Објавено на 25.10.2021 - 16:45

На граница на науката
Дали Стенли Кубрик го режирал лажното спуштање на луѓе на Месечината?
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој единаесетти дел од серијата зборуваме за темата: „Објективот од НАСА и интервјуто со Стенли Кубрик“.
Објавено на 22.10.2021 - 13:15

Медицина
Веќе извесно време се забележува дека стапката на леталитет, како сооднос на бројот на починати и вкупниот број на случаи (Case Fatality Rate - CFR) е невообичаено висок. Од доаѓањето на Делта сојот до денес, оваа стапка изнесува 3,83% (+/-0,10%), што е значително повеќе од стапката пред појавата на Делта сојот (3,52%). Досега тоа го толкувавме со намалениот број на тестирања.
Објавено на 22.10.2021 - 11:45

Информатика
Канадскиот гигант за е-трговија Shopify најави партнерство со гигантот за стриминг музика Spotify. Со ова во апликацијата покрај музиката, на Spotify ќе биде овозможена и продажба на различни предмети од уметниците.
Објавено на 21.10.2021 - 12:30

Телекомуникации
Во последните неколку децении се случува брз пораст на бројот и можностите на мобилните телекомуникациски уреди, како и континуиран развој на нови генерации на мобилни мрежи кои го користат РФ-опсегот. Заедно со тоа во јавноста расте појавата на контроверзии, заблуди и загриженост околу ефектите врз живите организми од изложеноста на РФ ЕМП од базните станици и од мобилните телефони. Со цел да дадеме научно поткрепени одговори на најчесто поставуваните прашања во јавноста на оваа тема, изработивме научна монографија со наслов „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која нè опкружува (4G, 5G итн.)“...
Објавено на 20.10.2021 - 12:15

Информатика
Sophos вклучи новитети во својата понуда со воведување на Sophos Data Lake и со лансирањето на Sophos Extended Detection and Response (XDR), со можност за интеграција со решенијата за firewall и е-mail.
Објавено на 20.10.2021 - 11:00

Енергетика
Специјална смеша на цемент збогатена со јаглерод и други материјали овозможува акумулирање на енергијата како кај обичните батерии на полнење.
Објавено на 18.10.2021 - 12:15

Аудио и видеотехника
Како што веќе пишувавме, за денес напладне е закажана промоцијата на лимитираната едиција на звучници, кои Теохаров Аудио ги креираше во соработка со гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски. Овој врвен македонски производ својата светска премиера ја доживува во рамките на хрватскиот фестивал Too Loud Fest 2021, најголемиот музичко-визуелен настан во Хрватска. Преносот од настанот е закажан за 12 и 30 а а може да го проследите тука, на нашиот веб портал.
Објавено на 17.10.2021 - 12:15

Медицина
Во неделата од 8.10 до 14.10.2021, сосема очекувано, продолжи да расте учеството на вакцинираните кај новодијагностицираните (портокаловата линија на првиот дијаграм), како што расте опфатот со вакцинација кај населението (портокаловата линија на вториот дијаграм). Кај смртните случаи има поголема варијабилност, но исто така трендот е генерално нагорен.
Објавено на 16.10.2021 - 14:45

Pages