Врвот на тековниот бран можеби ќе дојде и малку порано од предвидениот рок, 15 април. Всушност, некои градови веќе се на врвот (Скопје) или веќе го поминале (Неготино, Кавадарци, Охрид, Прилеп). Во основа, тоа се градовите каде што и започнал бранот од британскиот сој на вирусот. Во градовите кадешто најдоцна дојде до разгорување на епидемијата (од поголемите градови Битола, Куманово, Штип, Кичево и Струга) врвот не е ниту на повидок и таму максимумот најверојатно ќе дојде во втората половина на април. Поради овие разлики во динамиката меѓу општините, сепак збирно гледајќи, пикот на заразувањето на државно ниво би требало да се случи до 15 април.