Медицина
За благодатите од пиењето кафе сме пишувале повеќепати. Сега на овие добри работи можеби ќе може да се додаде и следнава: Поголемото консумирање кафе е поврзано со помал ризик од рак на ендометриумот, вид на рак кој ја зафаќа слузницата на матката.
Објавено на 20.01.2022 - 16:45

Хемија
Уметничка визија за процесот на рентгенска кристалографија
Како знаеме дека структурата на ДНК претставува двојна спирала или дека шилестите протеини од коронавирусот навистина имаат облик на шилец? За ова може да и заблагодариме на една испробана микроскопска техника – рентгенската кристалографија. А група американски научници штотуку изнајде начин како оваа техника да ја направат уште поефективна. Нивната метода е опишана во трудот објавен деновиве во Nature.
Објавено на 20.01.2022 - 14:00

Климатологија
Во четвртокот американската агенција National Oceanic and Atmospheric Administration (NOAA), го презентираше годишниот извештај. Најновите податоци ја ставаат вo полн фокус глобалната климатска криза со податокот дека последниве девет години, од 2013 до 2021 година, се рангирани меѓу 10-те најжешки досега.
Објавено на 17.01.2022 - 15:30

Медицина
Времето од отворање до затворање на случаите моментално изнесува просечно само 10 дена и најкратко е од почетокот на епидемијата до денес (на првиот дијаграм). Тоа значи дека најголем дел од случаите, можеби и над 90%, се асимптоматски. Да се потсетиме, асимптоматските случаи автоматски се затвораат после 10 дена, а симптоматските после 21 ден. Но, можно е времето до затворање дополнително да било скратено, за да нема трупање на активните случи, но исто така за да смеат инфицираните да одат на работа.
Објавено на 16.01.2022 - 22:30

Биологија
Историјата на животот на Земјата бележи пет пати настани на масовно исчезнување на биолошката разновидност. Сите од нив биле предизвикани од екстремни природни феномени. Денес, многу експерти предупредуваат дека во тек е Шестата масовна криза, овојпат целосно предизвикана од човечки активности.
Објавено на 14.01.2022 - 16:45

Хемија
Во Австралија е развиен хемиски процес којшто овозможува брза, евтина и, што е најбитно, еколошки oдржлива санација на одреден вид пластика.
Објавено на 14.01.2022 - 14:00

Енергетика
Кинеското Вештачко Сонце – суперспроводливиот токамак, фузиски реактор што има потенцијал да обезбеди речиси неограничени количини на енергија без штетни емисии, постави нов рекорд работејќи 1056 секунди постигнувајќи температира од 70 милиони степени целзиусови, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Објавено на 13.01.2022 - 17:00

Ние можеби тренираме магариња, но израелците тренираат златни рипки. Ако за нашиот тренинг немаме информација како поминал, оној на златната рипка дал мошне солидни резултати, доволно вредни да бидат објавени во реномирано научно списание.
Објавено на 13.01.2022 - 14:30

Медицина
Со сиот ризик ограничениот број на тестирања да нé доведе во заблуда, сепак мораме да констатираме дека факторот на раст (мерка на забрзувањето, слично како репродукцискиот број Rt) достигнал максимум и започнува да се намалува (на дијаграмот на првата слика). Тоа значи дека дневните броеви на новодијагностицирани ќе продолжат да растат, но не со толкаво темпо како до сега. Исто така, врвот на факторот на растот (како и репродукцискиот број Rt) кажува дека сме веќе во горната половина од бранот, односно поблиску до врвот, отколку до подножјето. Доколку тестирањата не нé залажуваат, тоа би значело дека за најмногу две недели би можеле да стигнеме до врвот на бранот и најголемите дневни броеви, коишто не би преминале 4000 случаи. Покрај ограничениот број на тестирања, намаленото тестирање за празниците исто така доведува до искривена слика на дневните броеви.
Објавено на 12.01.2022 - 15:30

Информатика
По проблемот што неодамна го имаше со кинезите, кога тие мораа да направат корекција на орбитата на нивната вселенска станица со цел да избегнат судар со Старлинк сателитите, еве уште еден крајно неочекуван проблем. Како што пренесува Гизмодо, се чини дека земните терминали на Старлинк стануваат мета на “банди” мачки.
Објавено на 12.01.2022 - 14:30

Pages