Астрономија и астронаутика
Пред околу две недели веќе ја видовте кометата Леонард низ очите на две вселенски летала. Сега, ви ја откриваме сета нејзина убавина што може да се види од површината на Земјата, се разбира под услов да имате ведро небо и соодветна опрема...
Објавено на 03.01.2022 - 17:00

Медицина
Научната заедница се фати во костец со едно од најгорливите прашања што го мачат човештвото низ вековите – функционираат или не традиционалните (и новите) лекови за мамурлак :) Новотo систематскo истражување на популарните “иљачи” се обиде да најде квалитетни докази дека супстанциите за кои се тврди дека го третираат или спречуваат мамурлакот предизвикан од алкохол делуваат. Резултатите од истражувањето беа објавени во научното списание Addiction, а еве кои се заклучоците...
Објавено на 03.01.2022 - 13:30

Математика
Ја пресметавме брзината и времето што му се потребни на Дедо Мраз за да им ги испорача подароците на децата ширум светот. Санката на Дедо Мраз би требала да патува со некоја многу голема брзина, но колку точно прочитајте во текстот што следи!
Објавено на 30.12.2021 - 18:00

Психологија
Овој период знае да биде мошне стресен за сите. За да не ги дочекате Новата година и Божик исцрпени од трката по подароци, подготовка на новогодишни менија и разноразни украсувања, обидете се да ги следите овие пет правила против стрес.
Објавено на 30.12.2021 - 16:45

Медицина
Група научници од Центарот за интегративни медицински науки RIKEN откри дека лицата со одреден тип на HLA може да ги поттикнат убиствен одговор на нивните Т-клетки кон ковидот. Ова се должи на тоа што Т-клетките реагираат на одреден дел од шилестиот протеин на вирусот којшто е присутен и кај сезонските коронавируси што ја предизвикуваат обичната настинка. Истражувањето, чиишто резултати беа објавени неделава во Communications Biology, може да ги објасни на различните имуни одговори меѓу популациите, а има потенцијал и да се искористи како начин за развој на нов тип на вакцина против болеста.
Објавено на 29.12.2021 - 15:45

Медицина
Омикрон повеќе ги заразува вакцинираните од невакцинираните споредено со Делта. Тоа е веќе факт што не може никој да го оспорува. Дали мРНК и ДНК вакцините се одговорни за ова? Многу веројатно. Но, зошто? – се прашуваат луѓето.
Објавено на 29.12.2021 - 12:45

Телекомуникации
Владо Малески, првиот директор на Радио Скопје, пред микрофонот за време на директниот пренос на Второто заседание на АСНОМ на 28 декември 1944 година
Денес, 28 декември 2021 година, се навршуваат 77 години откога во далечната 1944 година, во етерот, за првпат во ослободената татковина се пренеле зборовите на првиот директор на Радио Скопје, Владо Малески-Тале на македонски јазик “ Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје. Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија... “
Објавено на 28.12.2021 - 18:15

Астрономија и астронаутика
Точката на изгрејсонцето вдолж источниот хоризонт секојдневно се менува по малку. На северната хемисфера, од првиот зимски ден до првиот ден од летото таа привидно се движи кон север, а потоа полека “патува” назад кон југ сè до првиот ден од зимата. И покрај популарната заблуда, Сонцето изгрева на точно од исток (и заоѓа точно на запад) само двапати во годината – во деновите на пролетната и на есенската рамноденица.
Објавено на 28.12.2021 - 17:30

Информатика
Големите технолошки фирми како Гугл, Леново и Интел во четвртокот ги откажаа плановите да присуствуваат на најголемиот Саем за потрошувачка електроника што традиционално се одржува во јануари во Лас Вегас. Потегот е дел од “егзодусот” што беше поттикнат од стравот од ковид-19.
Објавено на 27.12.2021 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Лансирање на JWST
Во саботата, со посредство на интернетот во 13 и 20 по македонско време го проследивме во живо успешното лансирање на вселенскиот телескоп Џејмс Веб со ракетата Аријана 5 од космодромот на ЕСА во Француска Гвајана, Јужна Америка. Оваа заедничка мисија на Европската вселенска агенција (ЕСА) и Канадската вселенска агенција (ЦСА) и НАСА има за цел да ја “открие” светлината од првите галаксии во раниот универзум и да го истражи нашиот сопствен сончев систем, но и планетите што орбитираат околу други ѕвезди.
Објавено на 27.12.2021 - 11:15

Pages