... што да очекуваме и што сè може да тргне наопаку Конечно, дојде и тој момент, НАСА го лансира вселенскиот телескот Џејмс Веб (James Webb Space Telescope – JWST), проект што помина во изработка 30 години, речиси како одговор на предизвикот од директорот на Институтот за вселенски телескопи, Рикардо Џакони, којшто непосредно пред лансирањето на Хабл изјави: “замислете ја следната голема вселенска мисија по Хабл”. И еве сме сега, повеќе од 30 години по презентирањето на првиот концепт претставен на 29 септември 1989, и по потрошени околу 10 милијарди долари, по низата одлагања, партнерите НАСА, ЕСА и ЦСА се подготвени за лансирање на најновото телескопско чудо – Вселенскиот телескоп Џејмс Веб.