Рубрика: Енергетика
Blue Origin за НАСА ќе изработува соларни ќелии на површината на Месечината
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 28.07.2023 - 14:00

Работниот прототип на соларна ќелија добиена од симуланти на лунарен реголит

НАСА го награди Blue Origin со Tipping Point партнерство во вредност од 35 милиони американски долари за да продолжи да го унапредува иновативниот процес Blue Alchemist што тие го претставија на почетокот од оваа година. Се работи за иклучителен пробив во доменот на искористување на сончевата енергија – технологија што ќе овозможи изработка на соларни ќелии, на лице место на Месечината.

За да биде остварливо долгорочното присуство на Месечината, потребна ни е изобилство електрична енергија. Изработката на електроенергетски системи на Месечината директно од материјали кои постојат насекаде на површината на нашиот најголем сателит, без специјални супстанции донесени од Земјата, би се сметало за речиси идеално решение. Blue Alchemist, може да се скалира бесконечно, елиминирајќи го недостатокот на енергија како ограничување каде било на површината на Месечината.

Работниот прототип на соларна ќелија добиена од симуланти на лунарен реголит

Имено, Blue Alchemist претставува предлог за од крај до крај, скалабилно, автономно и комерцијално решение за производство на соларни ќелии од лунарен реголит, којшто во вид на прашина и раскршени карпи го има во изобилство на површината на Месечината. Засновано на процесот наречен електролиза на стопен реголит, ова решение ветува дека ќе овозможи неограничена енергија и кабли за пренос на електричната енергија насекаде на површината на Месечината. Користејќи, засега, симуланти на лунарен реголит, реакторот на Blue Origin произведува железо, силициум и алуминиум, а при процесот, истовремено се добива и кислород, што е секако исклучително корисен нуспроизвод со оглед на тоа што овозможува поддршка на живот како и согорување на погонските горива.

Лево: Транспортниот потсистем го придвижува и одвојува стопениот материјал на температури од преку 1600ºC на контролиран и економичен начин. Средина: Со електролиза на стопениот реголит се извлекува железо, потоа силициум и на крајот алуминиум. Меурчињата кислород покажуваат дека тој се двои од металите и металоидите. Десно: Со иновативниот процес се добиваат соларни ќелии, вклучително и покривно стакло, со користење исклучивно на производите во реакторот. Овие долговечни ќелии се отпорни на деградацијата предизвикана од радијацијата на Месечината. На сликата се гледа топењето на силиконот, како и таложење на тенок слој од кој се добиваат соларните ќелии.

Според Blue Origin навниот процес го прочистува силиконот до повеќе од 99,999%. Ова ниво на чистота е потребно за изработка на ефикасни соларни ќелии. Додека типичните методи за прочистување на силициумот на Земјата користат големи количини на токсични и експлозивни хемикалии, овој процес користи само сончева светлина и силициум од реакторот.

Според НАСА, технологијата од типот Blue Alchemist се смета за преломна точка (англ. Tipping Point) ако инвестицијата на агенцијата овозможи развој на иновацијата до остварливо комерцијално решение. Се очекива оваа инвестиција да резултира со демонстрација на автономно производство во симулирана лунарна средина до 2026 година.

По успешната демонстрација и имплементација на Месечината, Blue Alchemist ќе овозможи пристап до неограничена соларна енергија каде и да таа е потребна.

Клучни зборови:
Работниот прототип на соларна ќелија добиена од симуланти на лунарен реголит

Работниот прототип на соларна ќелија добиена од симуланти на лунарен реголит

Транспортниот потсистем го придвижува и одвојува стопениот материјал на температури од преку 1600ºC на контролиран и економичен начин.

Транспортниот потсистем го придвижува и одвојува стопениот материјал на температури од преку 1600ºC на контролиран и економичен начин.

Со електролиза на стопениот реголит се извлекува железо, потоа силициум и на крајот алуминиум.

Со електролиза на стопениот реголит се извлекува железо, потоа силициум и на крајот алуминиум. Меурчињата кислород покажуваат дека тој се двои од металите и металоидите. 

На сликата се гледа топењето на силиконот, како и таложење на тенок слој од кој се добиваат соларните ќелии.

Со иновативниот процес се добиваат соларни ќелии, вклучително и покривно стакло, со користење исклучивно на производите во реакторот. Овие долговечни ќелии се отпорни на деградацијата предизвикана од радијацијата на Месечината. На сликата се гледа топењето на силиконот, како и таложење на тенок слој од кој се добиваат соларните ќелии.

По успешната демонстрација и имплементација на Месечината, Blue Alchemist ќе овозможи пристап до неограничена соларна енергија каде и да таа е потребна.

По успешната демонстрација и имплементација на Месечината, Blue Alchemist ќе овозможи пристап до неограничена соларна енергија каде и да таа е потребна.