Ако нешто се подразбира тоа е дека корисниците никогаш, ама НИКОГАШ, не треба да преземаат ажурирања за Windows од кој било извор освен од Microsoft. Но, ете, бидејќи ова очигледно не е така, еве да повториме уште еднаш: НЕ ПРЕЗЕМАЈТЕ АЖУРИРАЊА ЗА WINDOWS ОД НИТУ ЕДЕН ДРУГ ИЗВОР ОСВЕН ОД МИКРОСОФТ! Неодамна, надградбите за Windows 10 од несигурни извори беа фатени како го шират ransomware софтверот Magniber, по што лесноверните корисници биле погодени од барања за откуп во биткоини.