Астрономија и астронаутика
Мапа на можни наоѓалишта на вода под површината на Јужниот пол на Месечината, заснована врз температурните податоци од ЛРО
Дали некогаш сте се запрашале на што се должи сиво-белиот мермерен ефект на површината на Месечината? Темните дамки, наречени мориња (maria на латински), се резултат од серија вулкански ерупции што се случиле пред милијарди години, покривајќи големи површини со врела лава. Остатоците од овие древни вулкани може да се покажат клучни во обезбедувањето извор на вода за идните астронаутите.
Објавено на 23.05.2022 - 13:45

Климатологија
До 2050 година, повеќе од 80 отсто од земјиштето што сега е посветено на земјоделството повеќе нема да има доволно вода за одгледување на земјоделски култури. Ова значи дека нивната култивација сосема извесно ќе треба да се пресели и концентрира на други места од земјината топка.
Објавено на 23.05.2022 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Првата вселенска мисија со астронаути до астероидниот појас би можела да се случи во рок од 50 години, велат ракетните инженери, но под услов луѓето да го “освојат” Марс до 2038 година. Нивното предвидување се заснова на економска анализа на стапката на раст на вселенските буџети со текот на времето, како и врз проширувањето на сферите на интерес и апетитите за освојување на вселената на луѓето од почетокот на вселенската ера до денес.
Објавено на 23.05.2022 - 11:15

Омнибус
По повод меѓународниот ден на музеите 18-ти мај, проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ пред експертите на НУ Завод и Музеј Битола презентираше Методологија за изработка на 3Д тактилни мапи и слики на културно-историски споменици, која ја разви во соработка со м-р Јове Парговски и консултации со д-р Ирена Ружин од НУ Завод и Музеј Битола и Весна Софрониевска од Сојузот на слепи – Битола.
Објавено на 20.05.2022 - 11:30

Психологија
Животните околности во детството, тука вклучувајќи го и поседувањето помалку пријатели и браќа и сестри, неквалитетните односи со родителите, лошото здравје и растењето во посиромашно домаќинство, се во корелација со повисоката стапка на осаменост во постара возраст. Вака се тврди во новата студија објавена деновиве во научното списание со отворен пристап PLOS ONE. Трудот е дело на Софи Гутмулер од Виенскиот универзитет за економија и бизнис во Австрија.
Објавено на 19.05.2022 - 16:30

Информатика
“ Бројот на напади со откупни софтвери е намален во последните месеци бидејќи санкциите против Русија им ja отежнуваат на кибер-криминалците организацијата на напади и приемот на откупнини ”, неодамна изјавил Роб Џојс, директор за кибер безбедност во американската Агенција за национална безбедност – НСА.
Објавено на 18.05.2022 - 13:45

Хемија
Хемичарите постојано се во потрага за изнајдување начини да го претворат јаглеродниот диоксид (CO 2 ) во некоја покорисна супстанција што содржи јаглерод. Но, еден од најголемите проблеми со јаглерод диоксидот е тоа што тој е толку стабилна молекула што многу тешко може да поттикне да реагира со било што друго. Сега, тим јапонски хемичари пронајде начин да го претвори CO 2 во мравја киселина, супстанција која, освен што е корисно средство за чистење и конзерванс, претстаува и клучна хемиска состојка во широк спектар на хемиски реакции.
Објавено на 17.05.2022 - 14:45

Информатика
Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, се одржува првата онлајн конференција за развивање на дигитални игри во Македонија, MAGDA Game Dev 1UP. Конференцијата е дел од проектот Creative Producers in the Western Balkans 2021 – 2022 на British Council. Наменета е за сите кои професионално работат на развивање на дигитални игри, но и за тие кои би сакале да ја насочат својата кариера во овој правец.
Објавено на 17.05.2022 - 11:30

Информатика
Nvidia си плати 5,5 милиони американски долари казна откако не успеа да докаже како во нивната квартална заработка за 2018 фискална година се нашла и мошне значителна сума заработена од трендот на копање криптовалути. Обвинението беше подигнато од американската Комисија за безбедност и размена на хартии од вредност – КБР (Securities and Exchange Commission).
Објавено на 16.05.2022 - 17:00

Геологија
Едно интересно истражување открива дека промената на магнетните полови на Земјата што се случила пред околу 42 000 до 41 000 години можеби предизвикала еколошки кризи кои довеле со масовни исчезнувања на видовите. За проучување на ефектите на Лашамповата екскурзија, како што се нарекува овој период, научниците се служеле со методата на прецизно датирање со јаглерод присутен во фосилизираните остатоци на древните дрвја.
Објавено на 16.05.2022 - 13:15

Pages