Рубрика: Информатика
Користете емотикони за реакции на YouTube
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 24.01.2023 - 13:30

YouTube има сет од сопствени емотикони кои можат да се користат во сите коментари и разговори во живо. YouTube Emotes се лесни за користење бидејќи се појавуваат во прозорецот за емотикони, а можете и да ги повикате користејќи резервирани зборови.

Брзото изразување на вашите емоции или мислења на Интернет е приоритет во споредба со некои други функционалности на апликациите и на платформите. Во YouTube се свесни за тоа и особено внимание посветиле на креирањето специјално прилагодени емоти (сликички налик на емотиконите кои можат да бидат и во GIF формат). Емотите налик на оние што се користат на видео платформата Twitch, го добија името YouTube Emotes и може да се користат насекаде на YouTube во делот за коментари и за време на разговор во живо, иако популарната социјална платформа претходно дозволуваше поединечни стримови да нудат свои верзии на реакцијата.

Првичните икони за реакции првенствено се насочени на видео игрите и кон гејмерската заедница, но со текот на времето ќе се додаваат сè повеќе нови. Списокот на достапни емотикони се појавува кога ќе го отворите избирачот на емотикони на YouTube.

Моделирани по стандардните системски реакции на Twitch, YouTube има и специфични зборови за автоматско пополнување, па ако напишете „:cat-orange-whistling:“, коментарот ќе биде портокалова мачка што свирка.

Започнуваме со емоции создадени за игри, но работиме на повеќе теми во иднина, затоа останете во тек за да дознаете какви реакции ќе бидат достапни за другите заедници!“, се вели во најавата на YouTube.

Клучни зборови: