Тунелот Мон Блан (Mont Blanc) е патен тунел во Алпите помеѓу Франција и Италија. Градот Курмаер (Courmayeur), во областа Вале Д' Аоста (Valle d'Aosta, Италија) и градот Шамони (Chamonix), во областа Висока Савоја (Haute-Savoie, Франција) се двата града најблиски до краевите на тунелот. Неговата градба започнала во 1957 година, а е завршена во 1965 година. Со вкупна должина од 11,6 километри и широчина од 8,6 метри, тунелот величествено се протега низ планината помеѓу овие два града. Тој е еден од главните трансалпски транспортни патишта од посебно значење за Италија, која користејќи го тунелот како поевтин транспорт ги намалува трошоците за бродска такса за повеќе од една третина.