Информатика
На една од најголемите конференции за безбедност во регионот – RISK 2022 во Словенија, КАБТЕЛ се стекна со уште една награда на полето на ИТ безбедноста.
Објавено на 29.07.2022 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Со оглед на многуте сличности што Јупитер ги споделува со неговиот сосед, Сатурн, се чини природно да се запрашаме зошто и Јупитер нема прекрасен, обемен систем од видливи прстени. Имено, иако Јупитер има прстени, тие се тенки, едвај видливи структури од космичка прашина, забележливи само кога е имаат заднинско осветлување од Сонцето. Според едно ново истражување, за “оскудноста” na овие бледи прстени виновни се јупитеровите галилееви месечини коишто не дозволуваат дисковите од карпи и прашина да се акумулираат на ист начин како што тоа е случај кај Сатурн.
Објавено на 29.07.2022 - 10:30

Информатика
Истражувањето на Atlas VPN откри дека Microsoft Office стана најчесто експлоатиран софтвер во нападите со малициозен софтвер. Во првиот квартал од оваа година, во дури 80% од сите напади, хакерите користеле багови во MS Office.
Објавено на 28.07.2022 - 16:45

Информатика
Проф. Д-р Анис Сефиданис на популарното предавање во Трпејца
На 26 јули, токму на зајдисонце во македонскиот Сен Тропе, т.е. охридското село Трпејца, во склоп на единаесеттото издание на културно-забавното лето “На зајдисонце” во организација на Здружението за промоција и развој “За Трпејца со љубов“, се одржа предавање за роботиката и вештачката интелигенција. “Часот” го одржа еден од најголемите авторитети во Македонија во оваа сфера – проф. д-р Анис Сефиданис.
Објавено на 27.07.2022 - 12:45

Сеизмологија
Според информацијата споделена од Jerusalem Post, група израелски научници открила метод за предвидување на земјотреси 48 часа однапред. Методот што се темели на проучување на промените во јоносферата на Земјата, според нив нуди 80% точност.
Објавено на 27.07.2022 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Подгответе се за полетување – НАСА го објави датумот на лансирање на мисијата Артемида I. Правец во орбита на Месечината. Неколку круга пред враќање назад на Земјата :)
Објавено на 26.07.2022 - 14:00

Енергетика
Некаде во нашата свест и размислување е зацртано дека транзицијата кон зелени и обновливи енергии почива на научно-фантастични технологии и милијарди инвестиции. Но, тоа не е секогаш случај. Понекогаш вистински добра идеја и одредена техничка експертиза можат да направат огромна разлика. А токму ова ги поседуваат Марку Иленен и Томи Еронен, двајца мошне млади фински инженери кои неодамна го развија првиот акумулатор... од песок. Се работи за конкретен, евтин одговор на енергетската криза.
Објавено на 25.07.2022 - 19:00

Информатика
Кое пиво најмногу ви се допаѓа? Светло, црвено или темно? Со поголем или со помал процент на алкохол? Колку горчливо? Дали сте во потрага по пивото од вашите соништа? Вештачката интелигенција наскоро ќе овозможи да ја угасите жедта со најдоброто пиво создадено по ваш вкус...
Објавено на 25.07.2022 - 13:15

Медицина
Дури ни удвојувањето на дневниот број на тестирања во последниве два дена, не помогна во намалувањето на стапката на позитивни тестови. Напротив, денеска се соборени два рекорди на епидемијата во Македонија, за дневната стапка на позитивни тестови (48,31%) и за нејзината седумдневна подвижна средина (40,35%), прикажано на дијаграмот на првата слика. Во Битола, Куманово и Тетово е неверојатно, со 75% позитивни тестови.
Објавено на 22.07.2022 - 15:45

Биологија
Пингвини од видот Spheniscus demersus
Во рамките на нивната заедница, африканските пингвини ги имитираат вокализациите и повиците на партнерите и пријателите. Ова ја фаворизира групната кохезија и социјалните врски. Африканските пингвини (Spheniscus demersus) го прилагодуваат својот јазик на јазикот на поединците во заедницата, покажувајќи сложена форма на вокално учење што досега била откриена само кај неколку животински видови. Ова се наодите од истражувањето спроведено од Луиџи Бачадона, истражувач на Универзитетот во Торино, објавено во Proceedings of The Royal Society B.
Објавено на 22.07.2022 - 14:45

Pages