Информатика
Со оглед на тоа што за него не е потребно ниту некое особено знаење ниту многу ресурси, доксингот стана мошне чест. Алатките што ги користат доксерите имаат тенденција да бидат легитимни и јавни. Тука ќе прозборуваме за тоа кои се најчестите правци на упад, кои алатки најчесто се експлоатираат, и што можете да направите да им ја отежнете работата на доксерите.
Објавено на 28.05.2021 - 15:15

Омнибус
Во денешниот роденден го славиме 91-виот роденден на Френк Дрејк, познат по равенката за пресметка на вонземски цивилизации достапни за контакт. Исто така одбележуваме 85 години откако Алан Тјуринг го поднесе за објава неговиот труд “За пресметливоста на броевите”, и 84 години од основањето на фабриката на Фолксваген.
Објавено на 28.05.2021 - 13:30

Информатика
Со цел подобро запознавање со дигиталните алатки коишто им стојат на располагање на современите претприемачи, Македонски Телеком организира серија вебинари на кои претприемачите ќе можат да научат нешто повеќе за тоа како да ги дигитализираат нивните бизниси.
Објавено на 28.05.2021 - 12:30

Биологија
Хаотични клеточни мембрани (со гликолипиди во жолто)
Група истражувачи, предводени од биохемичарот д-р Рајан Флиноткрија дека гликаните може да се закачат и за некодирачките РНК (рибонуклеински киселини). Ова беше изненадување затоа што претходно се сметаше дека РНК функционира само внатре во клетките – во нивното јадро и во цитосолот (течниот дел од цитоплазмата), додека гликаните вообичаено се одвоени од нив со мембраните на органели на клетките или со мембраните на самите клетки.
Објавено на 28.05.2021 - 10:15

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на холандскиот физиолог и офталмолог, Франс Дондерс, и на американскиот биолог и еколог, Рејчел Карсон. Покрај тоа го одбележуваме денот кога познатиот висечки мост Голден Гејт беше пуштен во употреба и денот кога се појави Windows 2.1...
Објавено на 27.05.2021 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Затемнувањата на Месечината се случуваат во периодот кога таа поминува во сенката која ја фрла Земјата. Гледано од Сонцето, при целосното затемнување Месечината се наоѓа зад Земјата. Во тие моменти Сонцето, Земјата и Месечината се подредени во (приближно) права линија.
Објавено на 27.05.2021 - 12:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го одбележуваме роденденот на првата американка во вселената Сели Рајд, која ако беше жива ќе наполнеше точно 70 години. Денес се сеќаваме и на денот кога за првпат звучниот ѕид го пробиви патнички авион и на денот кога заврши океанографското истражување на експедицијата Челинџер...
Објавено на 26.05.2021 - 13:45

Информатика
Трендовите во дизајнот честопати ги диктираат културните промени што се случуваат насекаде во светот. Ковид-19 нè стави сите во карантин, принудувајќи нè да влеземе подлабоко во дигиталниот свет и го промени начинот на којшто го живееме сопствениот живот. Новата реалност со мотото “Седи си дома” предизвика драматични промени во сферата на дигиталниот дизајн. Веб-дизајнерите и веб-девелоперите се обидоа на сите начини да се приспособат на новонастанатите околности. Некои од нив се покажаа како мошне успешни во таа трка за што подобро визуелно присуство, а со самото тоа и посетеност на сајтот. Новите стандарди во типографијата, необичните шеми од бои, различните 3Д-симулации на производи за купувачите на мрежа, се само некои од нив.
Објавено на 26.05.2021 - 13:00

Физика
Во почетокот ќе објасниме дека сето искуство во врска со дејството на природните сили, коешто ние го чувствуваме во секојдневието, можеме да го објасниме со постоење на само 4 (четири) категории фундаментални сили: гравитацијата, електромагнетската, јаката нуклеарна сила и слабата нулеарна сила. Нивното дејствување е резултат на интеракцијата којашто постои помеѓу нив. Меѓутоа, неодамна физичарите евидентирале сигнали за можно постоење и на 5-та фундаментална сила.
Објавено на 26.05.2021 - 12:00

Омнибус
Во денешниот времеплов славиме 132 години од раѓањето на пионерот на астронаутиката и татко на хеликоптерот – Игор Сикорски. Исто така одбележуваме 44 години од кино премиерата на вселенската опера Војна на ѕвездите и 25 години од првата меѓународна светска веб-конференција...
Објавено на 25.05.2021 - 15:30

Pages