На 14 јули во рамки на одбележувањето на Денот на свесноста за ајкула и раите, кој секоја година се одбележува на овој ден, беше претставена нова тридимензионална, интерактивна онлајн изложба која има за цел да го оживее океанот со детални модели на ајкули и раи.
Онлајн изложбата е сместена на веб-страницата World of Sharks (Светот на ајкулите) на фондацијата Спасете ги нашите мориња (Save Our Seas Foundation – SOSF).
World of Sharks на својот сајт веќе изобилува со инфографици, подкасти, картички за видови и страници со теми. Најнов додаток на веб-страницата претставуваат интерактивните 3D модели на бели ајкули и манта раи дизајнирани од проектот Digital Life со седиште на Универзитетот во Масачусетс.
3D моделите се со отворен пристап и се бесплатни за прегледување и преземање за непрофитна употреба. На повеќе од една третина од видовите на ајкули и раи им се заканува истребување. Според претставнивите на SOSF “клучот за целото наше разбирање за ајкулите – зошто го прават она што го прават и што е потребно за да им помогне да закрепнат – се потпира на тоа што тие претставуваат основна, веродостојна информација за историјата на животот“.
Посетителите на SOSF Shark Education Center (SOSF-SEC) во Кејп Таун, Јужна Африка можат да го истражуваат брегот во близина на морското заштитено подрачје Дејлбрук за да го разберат океанскиот дом на ајкулите, раите и другите морски животни. Но, SOSF-SEC, исто така, изработи и нова веб-страница на која се достапни 3D модели на ајкулите што се сретнуваат во најголемиот залив во јужна Африка, Фолс Беј (False Bay).