Омнибус
Во овој времеплов одбележуваме 269 години откако Бенџамин Франклин демонстрирал дека молњата е електрицитет, 177 години откако Чарлс Гудјир го патентира процесот за обработка на гума – вулканизација, 55 години од првиот успешен лет на една жена во вселената, 118 години од основањето на гигантот во автомобилската индустрија Форд и само 9 години од лансирањето на првата жена-тајконаут.
Објавено на 15.06.2021 - 15:00

Макетарство и моделарство
Втопласиран натпреварувач Гоце Јосифовски со својот електромодел пред старт
Во олеснети услови, но според протокол предвиден поради пандемијата со ковид-19, изминатиот викенд се одржа воздухопловната манифестација од натпреварувачки карактер во разни категории на РУ модели, придружена со размена на искуства и рекреативно летање.
Објавено на 15.06.2021 - 12:45

Омнибус
Во следните редови обележуваме 165 години од раѓањето на рускиот математичар Андреј Андреевич Марков, познат по неговата работа во доменот на веројатноста, 153 години од раѓањето на Карл Ландштајнер, човекот којшто ги откри крвните групи кај луѓето, и 78 години од претставувањето на првиот концепт за јавен воздушен превоз со хеликоптер...
Објавено на 14.06.2021 - 17:30

Информатика
Со промените на навиките на купувачите расте и значајноста на дигиталните канали на продажба, односно електронската трговија. Посетителите на социјалните мрежи и веб-сајтови треба некако да се доведат до точка на купување, па тука до израз доаѓа дигиталниот маркетинг. Кои се трендовите во овој начин на продажба и кое е местото на дигиталниот маркетинг во електронската трговија?
Објавено на 14.06.2021 - 15:45

Фототехника
Истражувачите од Факултетот за применета и инженерска физика на Универзитетот Корнел и Напредниот технички институт на Самсунг создадоа уникатна форма на мета-леќа – леќа направена од метаматеријал којашто може да се фокусира со промена на напонот наместо со механичко поместување на леќите од објективот.
Објавено на 14.06.2021 - 13:30

Математика
После пробивањето на нагорната линија на трендот (црвената линија на вториот дијаграм) се чинеше дека ништо не може да го сопре намалувањето на бројот на активни случаи до нула, при минимален раст на вкупниот број на случаи (сината линија на истиот дијаграм). Сепак, темносината линија веројатно тука некаде ќе сопре со намалувањето и кривата извесно време ќе изгледа како замрзната.
Објавено на 13.06.2021 - 22:00

Омнибус
Во следните редови пишуваме за Карл фон Фриш – човекот што го “дешифрираше” сложениот “говор” на пчелите, го одбележуваме роденденот на велосипедот и роденденот на математичарот Џон Неш чии научни дострели и животна приказна беа инспирација за еден холивудски блокбастер...
Објавено на 13.06.2021 - 09:00

Аудио и видеотехника
Во среда, на 9 јуни, пред избрана публика во просториите на хотелот DoubleTree by Hilton , се одржа свечаност за промоција на македонскиот High-End аудио бренд Теохаров. Презентер на вечерта беше нашиот познат режисер Срѓан Јанаќиевиќ, а поддршка за брендот даде и виртуозот на гитара Влатко Стефановски.
Објавено на 12.06.2021 - 09:45

Омнибус
Во следните редови ја одбележуваме промоцијата на првата успешна техника за добивање на фотографии во боја, 95 години од несреќната смрт на еден од големите архитекти на 20 век – Антонио Гауди, славиме 111 години од раѓањето на еден од најславните подводни истражувачи и активисти за зачувувањето на водниот свет – Жак Кусто, и 43 години од промоцијата на првата играчка што користи синтетизација на човечки глас...
Објавено на 11.06.2021 - 15:45

Биологија
Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат мерки за да се заштити доколку сакаме да опстои во Република Македонија. Тој се наоѓа на “црвената листа“ и според последните истражувања иако има мал пораст на неговата популација, ризиците за неговото преживување остануваат големи.
Објавено на 11.06.2021 - 12:45

Pages