Индиската национална вселенска агенција успешно лансираше ракета кон Месечината во нејзиниот втор обид за поставување на ровер на површината на Месечината. Ракетата Чандрајаан-3 е изградена со буџет од само 75 милиони американски долари и е трета мисија со дестинација Месечина на Индиската вселенска истражувачка организација. Мисијата доаѓа четири години откако втората програма не успеа во обидот за „меко слетување“ на Месечината во 2019 година.
За потсетување, првиот обид за истражување на Месечината Индијците го имаа во 2009 година, и заврши со успешно поставување на сонда во орбитата на Месечината.
Во петокот од вселенскиот центар Сатиш Даван во близина на Ченаи во југоисточна Индија беше лансирање масивната ракета LVM3. Мисијата на Chandrayaan-3 со себе носи погонски модул, лендер и ровер, кој ќе се обиде да слета на јужниот пол на Месечината кон крајот на август оваа година.
Досега само три нации – САД, Советскиот Сојуз и Кина – успешно слетале некакови вид механизиран модул на Месечината. Други како Јапонија, Индија и неколку приватни компании претходно се обидоа да слетаат, но на крај или изгубија контрола или контакт со нивните возила. Еден од нив беше и неуспешниот обид на Чандрајаан-2 во 2019 година.
Планирано е Чандрајан-3 да слета во близина на местото на несреќата на неговиот претходник. Откако ќе слета, роверот ќе помине 14 дена анализирајќи материјал на неистражениот јужен пол на Месечината и барајќи можни наслаги на вода во кратери кои никогаш не гледаат сончева светлина.
Податоците од овие научни експерименти ќе бидат пренесени до теренските станици управувани од НАСА и Европската вселенска агенција.