Информатика
Општоприфатено мислење е дека препознавањето на отпечатоци од прст е прилично безбеден метод за автентикација. Сепак, од време на време има публикации за различни начини на кои е можно да се измамат сензорите за отпечатоци. Но, сите овие методи на еден или друг начин се сведуваат на физичка имитација на прстот од сопственикот на телефонот, без разлика дали се користи силиконска подлога или отпечатен отпечаток од прст. Тоа значи дека напаѓачот мора да има висококвалитетна слика за отпечатокот од прст, и тоа а не каков било отпечаток туку оној што е регистриран во системот.
Објавено на 08.06.2023 - 12:30

Биологија
Едно истражување за прерано стареење, спроведено со глувци, покажа дека дишењето на воздух во кој има ниски концентрации на кислород овозможува до 50% подолг живот... кај истите глувци Луѓето отсекогаш биле во потрага по еликсирот на животот и методите што би ни овозможиле поздрав и подолг живот. Некои неодамнешни истражувања покажаа дека за продолжување на животниот век на клетките во нашето тело, корисни може да бидат одредени лекови како метморфинот, лек наменет за лицата кои страдаат од дијабетес, или пак мешањето на три различни лекови како што се рифампицин, рапамицин и алантоин.
Објавено на 07.06.2023 - 12:45

Омнибус
Советот на министри на Европската унија го повика блокот да имплементира модел на академско-издаваштво „без плаќање“ што нема да носи никаков трошок ниту читателите ниту за авторите. Препораките, дел од збирот принципи за објавување научни трудови, усвоени од советот на 23 мај, не се правно обврзувачки и беа поздравени од некои членови на академската заедница. Но, претставниците на издавачите велат дека предлогот е нереален и дека советот не навел некои клучни детали, меѓу кои и како би се финансирал еден таков модел.
Објавено на 07.06.2023 - 12:15

Информатика
Daktela Chatbot ја претставува најновата еволуција во интеракцијата со корисниците на контакт центарот. За разлика од класичните, кои работат врз основа на воспоставено сценарио, тој нуди софистицирани алгоритми за контекстуално расудување и решава проблеми слични на луѓето. Способен е да остварува 1700 повици во минута. Дали ова ќе ја потисне потребата од оператори?
Објавено на 06.06.2023 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Меѓународен тим од научници пронашол докази кои укажуваат дека планетите можеле да се формираат за време на таканареченото „космичко пладне“. Во нивната студија, објавена во списанието Nature Astronomy, групата користела податоци од вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) за проучување на дел од Малиот Магеланов Облак за да дознае повеќе за развојот на планетите околу младите ѕвезди.
Објавено на 05.06.2023 - 14:30

Омнибус
Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе од 40 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко. Организаторот најавува дека саемот ќе се реализира на отворено, во Спортско-рекреатиниот комплекс “Борис Трајковски” во Скопје.
Објавено на 05.06.2023 - 13:45

Историја и археологија
Оригиналната нараквица (десно) и репродукција на електротип направена во 1947 година (лево)
Нови информации за трговските мрежи во старото кралство Египет се откриени со анализа на гривните стари 4600 години пронајдени во гробницата на древната египетска кралица Хетеферес I.
Објавено на 01.06.2023 - 17:45

Астрономија и астронаутика
Во ноќта помеѓу 29 и 30 мај (по македонско време), Кина лансираше тројца астронаути кон својата вселенска станица. Совршено изведеното лансирање на ракетата Долг марш 2Ф (Long March 2F) ја „зголеми“ популацијата на човечки суштества присутни во моментов во вселената. Сега во орбитата на Земјата истпвремено се присутни рекорден број од 17 луѓе: шестмина кинески државјани, пет американци, тројца руси, двајца саудијци и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати.
Објавено на 01.06.2023 - 15:30

Енергетика
Фотонапонски фарми во налет на еуфорија на големо се градат низ земјава. Дури и државата спасот од енергетската криза го бара во фотонапонските централи иако со нив само делумно се решава проблемот бидејќи имаме вишок на електрична енергија преку ден, а недостаток навечер. Со ова ние сме само на половина пат до решението на проблемот, а за сеопфатно решение потребно е да се реши проблемот со складирањето и одложеното користење на енергијата во вечерните часови. Решението обично се бара кај акумулаторските батерии или реверзибилните хидроцентрали, какви што моментално немаме. Токму тука доаѓаме до најголемиот проблем, цената на складирање на енергијата. Затоа да видиме што велат пресметките!
Објавено на 31.05.2023 - 23:45

Информатика
Вештачката интелигенција претставува опасност за човештвото споредлива со онаа од пандемии и нуклеарни војни – алармот го креваат 350 научници.
Објавено на 31.05.2023 - 17:15

Pages