Рубрика: Информатика
Банкарските податоци на граѓаните сѐ почесто на удар на кибер криминалците
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 10.12.2024 - 14:45

Според истражувањето на компанијата Kaspersky, бројот на новооткриен малициозен софтвер во 2024 година е зголемен за 14%. Поточно, забележан е пораст на ransomware (дури за 71,6% повеќе од претходната година) и шест пати повеќе малициозен софтвер што ги таргетира банкарските податоци на корисниците, банкоматите или PoS терминалите.

Драган Давидовиќ, генерален директор на Kaspersky за Источна Европа, истакнува дека овие податоци потврдуваат дека и балканскиот пазар станува сѐ попривлечен за кибер криминалците.

Дигиталната трансформација и зголемената зависност од онлајн услугите и купувањето, што ни носи бројни олеснувања во нашето секојдневно функционирање, пред корисниците на интернет од нашата земја [Србија, заб. прев.] ја поставува потребата за зголемена претпазливост и информираност за да останеме безбедни, а во случајот на компаниите, таа ја носи и потребата од соодветна заштита на инфраструктурата на компанијата“, вели Давидовиќ.

Системите на Kaspersky откривале во просек 467 000 малициозни датотеки дневно во 2024 година, што значи зголемување од 14% во споредба со претходната година. Одредени типови на закани бележат значителен раст, а експерти пријавија пораст од 33% и во откривањето на тројанците во споредба со 2023 година. Овие и други наоди се опишани во Билтенот за безбедност на Kaspersky (KSB), годишна серија извештаи кои ги анализираат главните случувања во пејзажот на кибер безбедноста.

Windows и понатаму е примарна цел за кибер нападите, и на него отпаѓа 93% од сите детектирани податоци со вметнат малициозен софтвер, откриени на дневна база. Малициозните семејства на софтвер што се распространетуваат преку различни скрипти и различни формати на документи на MS Office, се рангирани помеѓу првите три закани, и на нив отпаѓаат 6% од сите датотеки со злонамерни софтвери што се откриваат во текот на еден ден.

Во текот на извештајниот период, решенијата на Kaspersky блокирале 302 287 115 напади на малициозен софтвер лансирани од веб-ресурси лоцирани низ целиот свет. Веб-антивирусот на Kaspersky открил 72 194 144 уникатни малициозни објекти, вклучувајќи скрипти, експлоатирања, извршни датотеки, итн. Компонентите на веб-антивирус препознале 85 013 784 уникатни URL-адреси како малициозни.

Идентификувавме 20 малициозни програми кои се најактивно вклучени во онлајн нападите што беа лансирани против компјутери”, велат од Kaspersky.

Клучни зборови: