Енергетика
Вчера беше отворена осмата Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР. Основната идеја на конференцијата е да се разменуваат идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што се прави чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и од одржливиот развој, како две светски актуелни прашања на кои интензивно се работи и во Македонија
Објавено на 10.12.2020 - 11:30

Физика
Kинеските медиуми и агенцијата Франс Прес објавија дека градбата на кинескиот термонуклеарен фузиски реактор е завршена, и дека тој е активиран во експериментален погон, со цел да се направат натамошни истражувања на процесот нуклеарна фузија. Успехот на кинеските научници претставува голем чекор кон реализација на зацртаната цел, а таа е еден ден светот да добие извор на речиси неограничено големо количество чиста енергија...
Објавено на 09.12.2020 - 13:45

Омнибус
Изборот за сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и да ги поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во Македонија ‒ вака велат организаторите Media Solutions и KeepAnEye. Оваа година е единаесетта година по ред како се прави овој избор.
Објавено на 07.12.2020 - 18:45

Информатика
Во потег со кој веруваме дека се оддава почит на нашата посветеност на иновирањето и лидерството на пазарот, Gartner го именуваше Sophos за еден од двајцата визионери од вкупно 18 продавачи што беа вклучени во 2020 Magic Quadrant for Network Firewalls.
Објавено на 07.12.2020 - 16:15

Астрономија и астронаутика
Во неделата наутро, тимот на Јапонската агенција за вселенски истражувања JAXA ја “подигна” капсулата од мисијата Хајабуса 2 од местото на слетување – во близина на малото гратче Вумера сместено во австралиската забит.
Објавено на 07.12.2020 - 15:45

Медицина
Тројцата основачи на алијансата FLCCC (одлево надесно): Пјер Кори, Џо Варон и Пол Марик
Алијансата FLCCC, која вклучува видни доктори и професори по медицина побара итна примена на протоколи што го вклучуваат ивермектинот за профилакса и за третирање на болните од Ковид-19, во интерес на спасување што повеќе животи.
Објавено на 06.12.2020 - 01:15

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија за лансирањето на капсулата со примероци назад кон Земјата
Како што јави Кинеската вселенска агенција, во четврток вечер вселенската сонда Чанг 5 (Chang’e 5) тргна назад кон Земјата со скапоцениот товар од примероци од месечеви камења безбедно сместен во нејзината внатрешност.
Објавено на 04.12.2020 - 15:30

Информатика
Горјан Јовановски е прогласен за најдобар млад иноватор во Европа за 2020 година за својата мобилна апликација AirCare, која го мери квалитетот на воздухот и придонесе да се откријат вистинските размери на аерозагадувањето во Македонија. Дваесет и седумгодишниот софтверски инженер и екоактивист од Скопје победи во конкуренција на иноватори до 30 години на World Summit Awards, коишто беа доделени во рамките на Европскиот фестивал на млади иноватори во Грац.
Објавено на 04.12.2020 - 12:45

Аеронаутика
Месец декември е период кога се прави резимеа и се сумираат резултатите постигнати во текот на изминатата година. Така направи и Mеѓународната воздухопловна федерација – ФАИ, организација за промоција на воздухопловството и астронаутиката. Вечерва, на посебна церемонија во Лозана, Швајцарија, на која уводен збор имаше претседателот на ФАИ, Боб Хендерсон, беа објавени добитниците на медали и признанија за достигнувања во областа на воздухопловството. Навистина беше гордост да се слушне името на нашиот Коста Стојановски како добитник на дипломата Paul Tissandier.
Објавено на 03.12.2020 - 23:45

Омнибус
Глобалната иницијатива за помагање на одржлив развој (GeSI) на првиот ден од WebSummit ја лансираше кампањата за глобалното движење „Дигитално со цел“ (Digital with purpose). Новиот идентитет на брендот и филмскиот манифест на движењето беше изработен од Ridley Scott Creative Group, со седиште во Амстердам.
Објавено на 03.12.2020 - 13:00

Pages