На почетокот од оваа недела цената на биткоинот ја надмина вредноста од 62 000 долари, што е историска вредност на оваа криптовалута воочи излегувањето на една од најголемите крипто компании Coinbase на берзата.
Вчера еден Bitcoin се тргуваше за 62 377 долари, што е за 114% повеќе од почетокот на оваа година, додека Вол Стрит се подготвува за влезот на првата компанија за трговија со криптовалути.
“Ова е важен сигнал затоа што укажува на тоа дека сè помалку и помалку регулаторите ќе се решаваат да бидат построги кон овој сектор“, изјавил Наeм Аслам, аналитичар во Аватрејд.
Голем број од традиционалните инвеститори сакаат да ја користат оваа прва криптовалута, а големите имиња од Вол Стрит како ЈП Морган или Блекрок сега на своите клиенти им нудат специјализирани фондови.
Од октомври 2020 година, кога гигантот за плаќање преку интернет Paypal ја најави можноста за користење на криптовалути во својата мрежа, цената на биткоинот почна да расте. Вредноста на биткоинот во тоа време изнесуваше околу 15 000 долари и не ја имаше надминато границата од 20 000 долари.