Роботика
На Факултетот за електротехника и информациски технологии почна 13 издание на RoboMac и 5 издание на RoboMac Junior. Деканот на ФЕИТ, професор Владимир Атанасовски, на денешното отворање на RoboMac изјави дека RoboMac 2025 веќе не е само студентски натпревар, туку RoboMac прерасна во симбол.
Објавено на 12.05.2025 - 17:45

Медицина
Во првиот дел од оваа серија, објавен на 9 март оваа година, опишани се првите 16 случаи кои се ослободиле од рак по неколкумесечен третман со протоколот предложен од д-р Вилијам Макис. Оттогаш поминаа 2 месеца, а д-р Макис во меѓувреме објави на својот X профил уште 10 тешки случаи на рак кои достигнале состојба „без докази за болест“.
Објавено на 12.05.2025 - 15:30

Информатика
VLC медиа плеер ја искористи вештачката интелигенција за автоматски да генерира титлови во реално време за видеа што се репродуцираат на популарната апликација. Титловите и преводот генерирани од вештачка интелигенција се случуваат локално на компјутерот, што значи дека луѓето ќе можат да ги гледаат титловите дури и ако се офлајн, вели VLC.
Објавено на 09.05.2025 - 14:15

Медицина
Кај напредните форми на рак кето диетата го продолжува периодот на опстанок за три до пет пати – ова се резултатите од две неодамнешни студии.
Објавено на 08.05.2025 - 00:15

Астрономија и астронаутика
Сондата Космос 482, чијашто цел беше истражување на Венера, веднаш по лансирањето во 1972 година претрпе отказ и остана заробена во орбитата околу Земјата. По повеќе од половина век поминат во орбитата сега лендерот паѓа по непредвидлива траекторија и се предвидува дека на Земјата ќе падне во периодот од 9 до 12 мај 2025 година, со најголема веројатност падот да биде на 10-11 мај.
Објавено на 06.05.2025 - 14:30

Енергетика
Анализата покажува дека наместо досегашните 90 часа, домаќинствата во лето би можеле да имаат 115 часа евтина струја седмично, а во зима 101 час. Во саботите и неделите во летниот период можни се по 8 часа со двојно поевтина струја.
Објавено на 05.05.2025 - 10:00

Енергетика
Најкусиот одговор би гласел дека македонското производство од фотонапонски електрични централи (ФЕЦ) засега не е релативно големо во однос на регионот, па Македонија самата не би можела да го урне системот. Но, бидејќи целиот регион ги споделува истите слабости со нас, веројатноста за потенцијален распад на системот и затемнување (блекаут) се зголемува, особено ако ја исклучиме термоцентралата на РЕК „Битола“ и останеме само со ФЕЦ.
Објавено на 04.05.2025 - 23:45

Информатика
Способност да учи и да се надградува….. фасцинантно? Размислете малку….
Дали вештачката интелигенција самата по себе е опасност? Или можеби, вистинската опасност доаѓа од “оној/оние” зад неа?
Објавено на 01.05.2025 - 23:15

Енергетика
Според предлогот на професорот Дејан Трајковски за Реверзибилна ХЕ „Козјак 2“ наместо ПАХЕ „Чебрен“, креирав две анимации на Google Earth за вештачки реверзибилни електрани.
Објавено на 29.04.2025 - 23:00

Екологија
Депонија за пепел од РЕК Битола во подрачјето на напуштеното и веќе затрупано село Билјаник.
Деновиве во јавноста голема резонанса предизвика веста за разнесувањето на наводно радиоактивна пепел од РЕК Битола низ Пелагонија. Засега единствената проверена информација, врз основа на податоците добиени од извршените мерења од страна на „Технолаб” ДОО Скопје, акредитирана лабораторија за животна средина и безбедност при работа, вели дека во согласност со Уредбата за граничните вредности за нивоата и видовите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух
Објавено на 23.04.2025 - 11:45

Pages