Омнибус
Новото моделирање укажува дека глобалното население би можело да го достигне врвот до бројка од 8,6 милијарди луѓе на планетата кон средината на овој век. Тоа е сосема спротивно од проекциите на Обединетите нации, кои предвидуваат слична бројка на население за крајот на оваа деценија и врв од 10,4 милијарди до 2100 година. На планетата во моментов има повеќе од осум милијарди луѓе, откако кон крајот на 2022 година го поминавме маркерот со назнака 8x10 9 .
Објавено на 29.03.2023 - 10:30

Електротехника
Брендот Bormann Tools е основан во 2000 година, а името го отелотворува немирниот дух на човек што постојано копа и ги бранува работите. Имено, BOR(E)MANN на германски јазик означува токму таков човек. Bormann е компанија која нуди добро дизајнирани алатки, лесни за ракување, наменети за ентузијасти и за занаетчии што работат во домашните работилници. Притоа се опфатени сите видови електричен алат – акумулаторски алат, алат со кабел, алат за на клупа, компресори за воздух, машини за заварување и многу повеќе, покривајќи ја секоја можна примена за ентузијастите ширум светот, а сето тоа дополнето со мошне атрактивни цени.
Објавено на 28.03.2023 - 17:15

Информатика
Здружението eSecurity по седми пат самостојно организира ќе ја eSecurity конференцијата која, кон крајот на месец септември оваа година, треба на едно место да ги собере професионалците од областа на информатичката безбедност од регионот и од светот. Конференцијата веќе има традиција во обезбедување на врвни говорници од областа на кибер безбедноста.
Објавено на 28.03.2023 - 15:30

Енергетика
Тунелите на патиштата мора да бидат добро осветлени дење и ноќе за да се осигура безбедноста на возачот. Од Шпанија доаѓа еден интересен предлог – тоа да се оствари со рефлектирање на сончевата светлина. Со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија, а тунелите сепак да станат уште поосветлени и побезбедни, група шпански истражувачи развиле систем што ја рефлектира сончевата светлина во внатрешноста на тунелот. Резултатите од нивната студија беа објавени неодамна во Tunneling and Underground Space Technology.
Објавено на 27.03.2023 - 14:30

Информатика
Како завршна активност од проектот Валенс, на ФЕИТ во периодот 20 до 22 март беше одржан тридневен курс на тема „Машинско учење и наука за податоци за средни училишта”. Курсот е дел од активностите на Лабораторијата за производство при ФЕИТ – ФабЛаб, а на него присуствуваа 56 средношколци од повеќе скопски средните училишта – СОСУ „Илинден”, СУГС „Раде Јовчевски Корчагин”, СУГС „Орце Николов”, СЕТУ „Михајло Пупин”, СУГС „Никола Карев” и СУ„Зеф Љуш Марку”.
Објавено на 27.03.2023 - 13:30

Историја и археологија
Вчера, 22.3.2023 со почеток во 18 часот, во просториите на Народниот етнографски музеј во Варшава, Полска, се одржа промоција на двотомното издание „Македонија – Јозеф Обрембски“, книги составени од проф. Ана Енгелкинг од Институтот за славистички студии при Полската академија на науки, засновани на истражувачките материјали и записи од полскиот етнолог Јозеф Обрембски, материјали собирани во текот на неговиот истражувачки престој во Порече, Македонија, во 1931-32 година. Во овој проект исто така учествуваа проф. Јоана Ренкас и Илија Упалевски кои дадоа голем допринос во транскрипцијата и стручната редакција на текстовите.
Објавено на 24.03.2023 - 19:15

Биологија
Веќе го проучувавме и мапиравме и мозокот на возрасна Дрософила, но само делумно
Беше потребно долго време, цели дванаесет години, но меѓународниот истражувачки тим предводен од Универзитетот Џон Хопкинс и Универзитетот Кембриџ успеа да направи целосна мапа на мозокот на ларва од овошнa мушичкa. Мапирањето на мозокот на инсектите треба да ни помогне подобро да разбереме како функционира и нашиот мозок.
Објавено на 24.03.2023 - 15:30

Математика
Аргентинецот Луис Кафарели ја доби наградата Абел за 2023 година. Наградата Абел е најпосакуваното признание во доменот на математиката. На Кафарели му беше доделено за неговата работа на равенки кои се важни за опишување на физичките феномени, како на пример начинот на којшто се топи мразот и протокот на течностите. Тој е првиот човек роден во Јужна Америка кој ја добил наградата.
Објавено на 24.03.2023 - 13:45

Информатика
По двегодишна суспензија, YouTube му ја врати сметката на Доналд Трамп. На поранешниот американски претседател му беше забрането да поставува снимки на мрежата во јануари 2021 година. YouTube се реши да ја врати сметката откако неодамна тоа го направија Мета и Твитер.
Објавено на 23.03.2023 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Сабота, 25 март, астероид со големина помеѓу 50 и 100 метри ќе помине блиску до нашата матична планета. И, барем засега, нема никакви ризици за да удри во Земјата...
Објавено на 23.03.2023 - 14:15

Pages