Медицина
Температурите на воздухот, и оние околу 34°C, може да доведат до постојан раст на отчукувањата на срцето при влажни услови, се вели во една студија. Овој пораст, познат и како кардиоваскуларно напрегање, се случува дури и пред внатрешната температура на човекот да започне да се зголемува, покажа една неодамнешна студија.
Објавено на 13.07.2023 - 21:15

Енергетика
Сликата е илустративна и е генерирана од вештачка интелигенција
За да дојдеме до одговорот на прашањето, потребно е да направиме две пресметки на исплатливоста. 1. Производство заради продажба на ЕВН и евентуално остварување профит или 2. Производство за сопствени потреби заради заштеда
Објавено на 13.07.2023 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Минатиот месец Бетелгез повторно се најде во фокусот на астрономите. Неговиот сјај се зголеми за 50% и некои научници во ова гледаат знак дека ѕвездата е пред експлозија. Имено, со секој нов поглед кон Бетелгез, ѕвездата оддалечена некаде помеѓу 500 и 630 светлосни години од нас и околу 135 000 пати посветла од Сонцето, растат шпекулациите за нејзината (повеќе или помалку неизбежна) експлозија во супернова. Но, без паника.Всушност, се наоѓаме на доволно големо растојание за да не трпиме последици. Имајќи го ова предвид би било навистина уникатен спектакл ако ни се пружи можност за набљудување на ѕвездата во нејзината експлозивна фаза.
Објавено на 13.07.2023 - 12:45

Биологија
Американските научници претставија нова техника за модификација на гени која води до сузбивање на женските комарци од видот кој најчесто го шири смртоносниот паразит на маларија. Тие велат дека техниката е „ безбеднa, контролиранa и претставува скалабилно решение кое му е итно потребно на светот за да ја елиминира маларијата “.
Објавено на 12.07.2023 - 10:45

Информатика
Вештачката интелигенција ја реконструира 3Д сликата на она што сме го виделе во минатото, тргнувајќи од одразот на нашите очи. Резултатите не се баш остри, но технологијата е револуционерна.
Објавено на 11.07.2023 - 14:15

Аудио и видеотехника
Не, не, не,... не се работи за хитот од 1970-тите на Сајмон и Гарафанкел. Според новото истражување објавено деновиве во Proceedings of the National Academy of Sciences, луѓето ја регистрираат тишината на ист начин како што ги регистрираат и звуците.
Објавено на 11.07.2023 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Според податоците од Кеопс, егзопланетата со големина на Нептун, LTT9779b рефлектира 80% од светлината од матичната ѕвезда
Вжештениот свет на којшто од метални облаци врнат капки титаниум е најрефлектирачката планета што досега била забележана надвор од нашиот Сончев систем, известија астрономите во понеделникот. Како што отлриваат новите набљудувања направени со европскиот вселенски телескоп Кеопс, наменет за истражување на егзопланети, овој чудесен свет, оддалечен повеќе од 260 светлосни години од Земјата, рефлектира дури 80% од светлината од својата матична ѕвезда. Тоа ја прави прва егзопланета чијшто сјај може да се спореди со оној на Венера, која е најсветлиот небесен објект на земското ноќно небо, по Месечината, се разбира.
Објавено на 10.07.2023 - 15:30

Информатика
Колкава е сличноста помеѓу новата апликација на Инстаграм, Тредс (Threads), со Твитер? Во предупредувачкото писмо за прекин и откажување објавено минатата недела, Твитер се закани со правна постапка против матичната компанија на Инстаграм, Мета, поради новата апликација Тредс којашто дава предност на текстуалното изразување. Од Твитер велат дека апликацијата е копија на нивниот модул.
Објавено на 10.07.2023 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Слика од длабоката вселена направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.
Во рамки на набљудувањата за истражувањето Cosmic Evolution Early Release Science, вселенскиот телескоп Џејмс Веб ја забележа досега најоддалечената супермасивна црна дупка – ситна девијација што се изнедрила околу 570 милиони години по Биг бенгот. Но, ова не е единствено изненадување. Црната дупка, сега именувана како CEERS 1019, има девет милиони пати поголема маса од нашето Сонце!
Објавено на 07.07.2023 - 16:45

Психологија
Во текот на еден типичен ден, креативните луѓе имаат поголема веројатност да го извлечат максимумот од времето поминато во безделничење со истражување на нивниот ум, укажува новата студија на истражувачите од Универзитетот во Аризона.
Објавено на 07.07.2023 - 15:15

Pages