Рубрика: Медицина
Маслото од канабис – ефикасен третман за кучешки дискоиден лупус еритематозус?
Објавено на 29.02.2024 - 15:30

Тим од студенти по ветеринарни науки и научници од Федералниот универзитет во Санта Катарина, Бразил, во соработка со Центарот за развој и иновации за канабис во Бразил (Cannabis Development and Innovation Center), откриле дека оралната администрација на масло од канабис кај кучињата може да ги намали симптомите на дискоиден лупус еритематозус (DLE), кучешко автоимуно поттикнато кожно нарушување.

Во нивната студија, чиишто резултати се објавени во Frontiers in Veterinary Science, групата ја тестирала ефективноста на маслото од канабис на куче кое боледува од DLE, откако традиционалните третмани не донеле подобрувања.

DLE е нарушување што ја зафаќа кожата на носот и ушите на кучињата. Се карактеризира со воспаление, губење на влакното и пигмент, црвенило, а понекогаш се формираат и чирови со кора. Во моментов, состојбата се третира со давање кортикостероиди на кучињата, лекови кои го смируваат воспалението. Истиот вид на лекови се применува и кај луѓето со слични типови на проблеми со кожата.

Во оваа нова студија, двегодишното куче од мешана раса, кое боледува од DLE не реагирало на стандардниот третман, па истражувачкиот тим се обидел со нов пристап – да му даде масло од канабис на кучето.

Женско куче од мешана раса, старо 2 години, со епидермална депигментација на носот. (А) Макроскопска слика која покажува депигментација во назалниот планум пред третманот со масло од канабис (датум: 31.05.2022) (Б) Макроскопска слика која покажува намалување и стабилизирање на депигментацијата во назалниот планум по 1 година и 3 месеци третман со масло од канабис (датум: 19.09.2023).

Претходните истражувања покажале дека различните видови масло од канабис можат да го намалат воспалението и кај кучињата и кај луѓето. Притоа, во истите претходни истражувања не биле детектирани никакви штетни несакани ефекти. Па така, се сметало дека е безбедно да се третира кучето во овој случај со мешавина од масла.

Маслата од канабис обично доаѓаат во два различни типа: засновани на канабидиол (CBD) и оние што се засноваат на тетрахидроканабинол (THC). Обата вида на масла имаат антиинфламаторни ефекти. Вториот е одговорен за еуфоријата поврзана со конзумирањето или пушењето канабис.

Бидејќи маслото од канабис претходно не се користело за лекување на DLE, истражувачите пробале различни масла со различни нивоа на CBD, THC или со комбинација од обете состојки. Тие на крајот откриле дека најдобри резултати дала мешавината од 3 со 1 од CBD со THC.

Првично, на кучето му се давала една капка орално еднаш дневно во текот на три дена, за да се тестираат какви било негативни реакции. Откако било утврдено дека нема несакани ефекти, му терапијаат од капка дневно ветекот на неколку недели била продолжена, по што биле откриени знаци на исчезнување на DLE. По една година, сите симптоми исчезнале.

За да се спречи нова појава на егземите, на кучето потоа му биле давани помали дози на во повеќе наврати. Истражувачите известуваат дека немало повторнување на DLE.

Клучни зборови: