Рубрика: Макетарство и моделарство
Седма годишна изложба на макети, диорами и минијатури Куп Скопје
Објавено на 03.03.2024 - 09:15

Корисна информација за сите вљубеници во макетарството и моделарството: Bo тек е седмата изложба на макети, диорами и минијатури во организација на клубот “Мајор Михајло Ивановски – Микс”. Изложбата има и натпреварувачки карактер, со оглед на тоа дел од моделите се во конгуренција за наградата на четвртиот по ред “Куп Скопје”

Изложбата беше свечено отворена во петокот во 20 часот, по што посетителите можеа да се восхитуваат на прекрасните изработки од домашните и странските изложувачи. Посетителите имаат можност да видат макети изработени од меѓународно признати и наградувани автори, макети во разни категории и типови на воздухоплови, воена техника, научна фантастика, историски диорами, минијатури и слично.

Во текот на денешниот ден, од 9 до 16 часот, ќе се одржи и отворениот за публика меѓународен натпревар по пластично макетарство на кој ќе учествуваат макетари од Србија, Грција и Турција. Макетарите се натпреваруваат во повеќе од дваесет категории и за главната награда Best of show – која како и секогаш, се доделува на најдобрата макета на натпреварот.

Во рамки на натпреварот, во чест и сеќавање на мајорот Михајло Ивановски – Микс, се доделува и специјалната награда „Мајор Михајло Ивановски – Микс“,  Best of Luftwaffe, која ќе му припадне на макетарот со најдобрата макета изработена во било кој размер со ознаки на германското Luftwaffe од Втората Светска војна.

За поотсетување клубот „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ е основан од група ентузијасти кои првата самостојна изложба на макети ја имаа во 2014 година во Скопје, а една година подоцна беше основан и клубот.

Оваа година изложбата на макети се одржува во културниот Центар Јадро во Дебар-маало, Скопје. Сите кои уживаат во макетарството, а сè уште не ја посетиле изложбата тоа може да го сторат денес најдоцна до 16 часот. Влезот е бесплатен за сите посетители.

 

Дел од експонатите од претходните изложби може да погледнете тука

Клучни зборови: