Историја и археологија
Полето со остатоци од колци од населбата на локалитетот Диспилио.
Неолитска населба стара 7000 години во Костурско во северниот дел на Грција (Беломорска Македонија), за прв пат е прецизно датирана до точните години кога е изградена. Наодите би можеле да обезбедат референтна точка во времето што ќе помогне да се датираат и други археолошки локалитети во југоисточна Европа.
Објавено на 22.05.2024 - 16:45

Информатика
Минатата сабота (18.05) во хотел Мериот, Скопје се одржа второто издание на WITCON – конференција со спој на технологијата и бизнисот со 450 учесници и 31 говорник на сцената. Искусни професионалци од индустријата споделија свои знаења, искуства и мислења на повеќе теми, вклучувајќи: развој на...
Објавено на 22.05.2024 - 14:30

Биологија
Биодиверзитетот, извонредната разновидност на живиот свет што ја населува нашата планета, е клучно прашање за нашата иднина. По повод Светскиот ден на биолошката разновидност, во продолжение разгледуваме неколку вообичаени тврдења на оваа тема, со цел да разбереме што од тоа е добро основана вистина, а што мит што треба да се разоткрие и отфрли.
Објавено на 22.05.2024 - 14:15

Информатика
ИнфоМед претставува брза, едноставна и бесплатна онлајн алатка која работи како агрегатор на информации од јавен карактер поврзани со медицината. Креирана е со цел да го олесни работното секојдневие на здравствените работници, овозможувајќи им на сите лица кои имаат потреба од брзи информации, нив да можат да ги најдат на македонски јазик, на едно место – брзо и ефективно, наместо моменталниот единствен достапен пристап преку книги, застарени веб страници, итн.
Објавено на 22.05.2024 - 13:30

Телекомуникации
Европа го насочи вниманието кон следната генерација на телекомуникациска технологија којашто ветува повосоки брзини. Технологијата ветува подобра поддршка на образованието и на телехирургијата, а се очекува да доведе и до т.н. дигитален твининг и холографски виртуелни состаноци.
Објавено на 21.05.2024 - 17:00

Информатика
Американската поетеса Ентозаки Шанге има кажано “Каде има жена, тука е магијата”. Ако оваа мисла ја пресликаме во современиот дигитален свет на информациската технологија и бизнис, за да ја дефинираме улогата на жената во него, може да кажеме дека жените ја носат магијата и во дигиталниот свет. Втората годишна конференција на македонскиот огранок на Жени во техниката (Women In Tech Macedonia), што во саботата се одржа во Скопје, во хотелот Мериот, во оваа насока понуди повеќе инспиративни приказни и совети за успех во ИТ светот, стручни пресеци на специфични проблеми од индустријата и секако, многу, многу поддршка за жените во ИТ индустријата.
Објавено на 20.05.2024 - 20:30

Астрономија и астронаутика
Постојат бесконечно многу патишта во потрагата по интелигентен вонземски живот. Еден од нив е потрагата по нешто што астрономите го нарекуваат „технопотпис“, посреден технолошки доказ што го издава присуството на напредна вонземска цивилизација. Голем интерес во научната заедница неодамна предизвика потрагата по таканаречените Дајсонови сфери. Астрономите анализираат 7 потенцијални Дајсонови сфери – хипотетички структури кои се создадени од потенцијални вонземски интелигенции за да ја експлоатираат енергијата од ѕвездите...
Објавено на 20.05.2024 - 14:45

Омнибус
Денес, 17.5.2024 година, во просториите на Кинотека на Македонија, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима го прогласи Крис Павловски за почесен доктор на науки во областа на дигиталната комуникација. Настанот беше од отворен карактер, па и не чуди што салата на кинотеката беше полна.
Објавено на 17.05.2024 - 20:15

Телекомуникации
Проф. д-р Тони Јаневски од Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објави нова книга со наслов „Future Fixed and Mobile Broadband Internet, Clouds and IoT/AI“ од светски реномираниот издавач Wiley – IEEE Press, која се појави на глобално ниво во април 2024 година.
Објавено на 17.05.2024 - 17:15

Информатика
Како и за сите технологии, така и современите четботови управувани од вештачка интелигенција, исто така, имаа потреба од период на прилагодување. На почетокот, всушност, се стравуваше дека генеративните алгоритми би можеле да шират лажни вести меѓу корисниците, хипотеза што беше потврдена во различни студии. Овие алгоритми, сепак, се обучени во огромното море на Интернетот и можат да научат точни, но и неточни поими. Меѓутоа, една студија спроведена од група научници од МИТ во Бостон, ја демантираше оваа перспектива.
Објавено на 17.05.2024 - 12:45

Pages