Омнибус
Во денешниот времеплов се сеќаваме на вселенскиот судар којшто за малку ќе срушеше цела вселенска станица, на првата глобално емитувана програма во живо и на поднесокот за патент за првиот биполарен транзистор. Исто така го славиме роденденот на Пол Нигли, пионер од областа на рентген кристалографијата.
Објавено на 26.06.2020 - 14:30

Информатика
Суперкомпјутерот Фугаку во Јапонија се најде на првото место од Топ500 листата на моќни суперкомпјутери, прекинувајќи ја долгогодишната доминација на САД и на Кина во оваа сфера. На листата се рангирани најмоќните компјутерски системи во светот коишто секако не се достапни во масовна продажба, туку се градени за специјални намени кои побаруваат моќни пресметки и обработки на податоци.
Објавено на 25.06.2020 - 16:30

Омнибус
Одговорноста за општествени промени е кај граѓанинот, во неговите вредности, ставови и во неговиот раст, се заклучи, меѓу другото, на онлајн настанот „Лице в лице со новата Земја – соочување“, кој се одржа вчера по повод промоцијата на новиот, 40-ти број на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ на платформата „Зум“. На интерактивна средба со гости говорници и публика, учесниците зборуваа за личните и професионални предизвици пред кои сме исправени во овој период на пандемија.
Објавено на 25.06.2020 - 14:45

Медицина
Иако преовладувачкото мислење кај научниците уште во февруари беше дека наводниот колективен имунитет (анг. herd immunity) којшто би се стекнал со прележување е голема, непозната и опасна авантура бидејќи во тој момент речиси ништо не се знаеше за антителата од SARS-CoV-2 и за нивното времетраење,...
Објавено на 24.06.2020 - 13:15

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови го славиме делото на Џонас Салк и ја споменуваме првата машина за пишување со Qwerty тастатура.
Објавено на 23.06.2020 - 23:15

Аеронаутика
Пипистрел електро во лет
За првпат производ на Пипистрел видов многу одамна, на еден приказ за летање во Битола. Искуството се повтори и следната година. Бев воодушевен од изработката, употребените материјали и, секако, целосниот изглед. Потоа следуваше средба со Пипистрел Вирус кој имаше прелет Скопје – Битола – Скопје. Општ мој впечаток беше и е дека се работи за вонсериски воздухоплов, како и што се докажа.
Објавено на 23.06.2020 - 14:45

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги славиме родендените на компјутерскиот пионер Конрад Зусе и на англискиот биолог Сер Џулиан Хаксли Покрај ова го одбележуваме денот кога започна стандардизацијата на мерките и мерните единици којашто доведе до СИ стандардите.
Објавено на 22.06.2020 - 16:00

Информатика
Истражувачите од компанијата Trend Micro откриле две апликации во продавницата Google Play што содржат adware и коишто отвораат и ‘прикажуваат’ реклами на секои 15 минути, со цел да создадат лажни импресии.
Објавено на 22.06.2020 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Иако според временските услови баш и не е за верување, вчера, нешто пред полноќ во 11 часот и 43 минути (9:51 GMT), официјално започна летото.
Објавено на 21.06.2020 - 20:00

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги славиме родендените на англискиот биохемичар Сер Фредерик Г. Хопкинс, кој ги откри значењето на витамините за растот, и на Вилем Хендрик Кејсом, холандскиот физичар којшто прв успеа да добие цврст хелиум. Покрај ова го чествуваме Џек Килби, таткото на првото интегрирано коло, и го одбележуваме поставувањето на првиот комерцијален телефонски сервис во Северна Америка.
Објавено на 21.06.2020 - 10:45

Pages