Медицина
Рендерирана слика на биореакторот за гласни жици применет за тестирање на хидрогеловите.
Научниците веќе подолго време работат на создавање вештачко ткиво кое би се користело во хирургијата. Сега, со комбинирање на досегашните сознанија од областите на хемијата, физиката, биологијата и инженерингот, еден научен тим од Универзитетот Мекгил успеа да развие биоматеријал којшто е доволно цврст за репарација на срцето, мускулите и гласните жици. Нивниот пронајдок претставува голем напредок во регенеративната медицина.
Објавено на 01.12.2021 - 14:15

Медицина
или како ивермектинот и покрај резултатите добива лоши препораки Минатата недела во Journal of Medical Virology излезе најнов труд за ефектот на ивермектинот кај хоспитализираните пациенти. И повторно апсурд. Следете внимателно.
Објавено на 30.11.2021 - 15:15

Енергетика
Кинезите работеле и ја спуштиле цената на фотонапонските панели на само 0,2 – 0,25 американски долари по ват. Со оваа цена е возможно да се направи фотонапонска електрана со моќност од околу 30 мегавати за околу 24 милиони долари, колку што ние “фрливме во ветар“ за узвоз на струја последниов месец. Доколку продолжиме да увезуваме со ова темпо, за една година испуштаме електрана од 300-400 мегавати, односно колку целиот РЕК Битола при сегашниот квалитет на јагленот.
Објавено на 29.11.2021 - 23:15

Астрономија и астронаутика
Тим истражувачи од Германија, Франција и Велика Британија откри долга тенка нишка од густ гас што ги поврзува два од спиралните краци на галаксијата Млечен Пат. Во нивниот труд објавен деновиве во The Astrophysical Journal Letters, групата ја опишува нивната работа за проучување на гасот јаглерод моноксид во нашата галаксија.
Објавено на 29.11.2021 - 12:00

Медицина
Новиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, која неодамна беше идентификувана во Јужна Африка, веќе го вклучи црвеното светло поради неговата агресивност и способност за брзо ширење. Сојот ја доби назнаката Omicron (B.1.1.529) и веќе се работи на разбирање за тоа што точно носи неговата појава и како овој сој ќе влијае на понатамошниот тек на пандемијата.
Објавено на 28.11.2021 - 12:00

Колумна
Луѓето не заглупеа преку ноќ! Се варат на „тивок оган“ по 5-6 години под дејство на социјалните мрежи и нивните алгоритми и ОП! – почнуваат да читаат вести од само еден извор, почнуваат да „веруваат“, се „освестуваат“, ја согледуваат „очигледната вистина“... Изгубивме пријатели, роднини, блиски луѓе, затоа што се обидуваме некому кој влегол во средновековен контекст да му објасниме како работи млазен мотор...
Објавено на 28.11.2021 - 11:15

Физика
Еден меѓународен истражувачки тим синтетизираше нова ултратврда форма на јаглеродно стакло коешто може да има многу потенцијални практични апликации во електрониката и компјутерската техника. Се работи за досега најтврдото стакло со најголема топлинска спроводливост од сите стаклени материјали. Наодите на тимот беа објавени деновиве во списанието Nature.
Објавено на 26.11.2021 - 14:15

Астрономија и астронаутика
Научната фантастика може наскоро да стане реалност. Вчера НАСА ја лансираше првата мисија со којашто се тестира технологија за одбрана на Земјата од потенцијални закани од космосот – удар на астероид или на комета. Леталото ДАРТ (Double Asteroid Redirection Test) беше лансирано со ракетата на Спејс Екс, Фалкон 9 од нивната база во Калифорнија.
Објавено на 25.11.2021 - 16:30

Биологија
Уметничко видување на новата техника за проучување на клетките со користење на ВИ
Коренот на повеќето болести би можел да се најде во некој дел од клетката што повеќе не функционира како што треба. Така, на пример, туморот расте бидејќи генот не бил прецизно преведен во одреден протеин, додека пак некое метаболичко заболување можеби се јавува затоа што, на пример, митохондриите не функционираат правилно. Но, за да разберат кои грешки во функционирањето на деловите од клетката можат да се развијат во некоја болест, научниците најнапред треба да ја комплетираат листата на клеточни сегменти.
Објавено на 25.11.2021 - 13:45

Омнибус
Од научните списанија се очекува да ги разгледуваат истражувачките трудови без пристрасност и наклонетост кон одредени автори. Но, во едно обемно истражување објавено вчера во списанието со отворен пристап PLOS Biology, авторите Александар Сканф, Флоријан Наудет и Клара Лошер од Универзитетот во Рен и нивните колеги откриваат дека кај една група научни списанија можеби се присутни пристрасност и фаворизирање при објавувањето на трудовите.
Објавено на 24.11.2021 - 17:30

Pages