Во рамките на нивната заедница, африканските пингвини ги имитираат вокализациите и повиците на партнерите и пријателите. Ова ја фаворизира групната кохезија и социјалните врски. Африканските пингвини (Spheniscus demersus) го прилагодуваат својот јазик на јазикот на поединците во заедницата, покажувајќи сложена форма на вокално учење што досега била откриена само кај неколку животински видови. Ова се наодите од истражувањето спроведено од Луиџи Бачадона, истражувач на Универзитетот во Торино, објавено во Proceedings of The Royal Society B.
Тимот истражувачи три години ги проучувал три различните колонии на африкански пингвини, набљудувајќи го нивното однесување, за да разбере кои единки биле партнери, а кои пријатели. Откако ги снимиле вокализациите што ги користеле животните кога биле сами или кога се обидувале да ги пронајдат своите партнери, истражувачите споредиле четири различни аудио записи каде биле снимени овие повици, анализирајќи ја фреквенцијата и амплитудата на звуците.
Пингвини од видот Spheniscus demersus
Како што Луиџи Бачадона појаснува, „Слично како кога сте со пријателите во паб: музиката е гласна, а за да се препознаете, со нив користите различен јазик, што само вие го знаете”.
Се покажало дека, со текот на времето, повиците на партнерите или пингвините кои припаѓаат на иста заедница, стануваат сè повеќе слични – животните се прилагодуваат на јазикот на нивните придружници за полесно да ги препознаат и пронајдат. Оваа способност се нарекува вокална акомодација, а кај луѓето се дефинира како „склоност да се направи вербалниот израз сè повеќе сличен на гласовните карактеристики на соговорникот“ (Marini et al.). Според Бачадона и неговите колеги, имитирањето на јазикот на членовите на заедницата може да ја фаворизира групната кохезија и социјалните врски кај пингвините.
Следниот чекор е да откриеме дали оваа способност, проучувана во последниве години кај нечовечките примати, е вообичаена и за другите видови. „Можеби постојат повеќе видови со капацитет да го приспособат својот јазик на оној од нивните блиски, но ние сè уште сме ги идентификувале“, коментира Сара Торес Ортиз, експерт од Институтот за орнитологија Макс Планк во Минхен, Германија, која не учествуваше во истражувањето.