Геологија
Иако спектакуларна оваа вулканска олуја не е од Тонга туку е снимена при ерупцијата на исландскиот вулкан Eyjafjallajokull во април 2010 година
Се сеќавате ли на жестоката ерупција на вулканот Хунга Тонга што се случи во на почетокот од минатата година? Еруптивната, експлозивна моќ на Хунга Тонга што исфрли материјал дури до стратосферата собори многу рекорди. Сега постави уште еден – бројот на молњи и громови што се формирале во текот на ерупцијата.
Објавено на 06.07.2023 - 13:30

Информатика
Таблет со фрагмент од епот на Гилгамеш пишан со акадско клинесто писмо.
Клинестото писмо е најстарата позната форма на пишување, но само неколку стотици експерти во светот можат да го дешифрираат. Сега, тим од израелски археолози и компјутерски научници разви програма за превод во стилот на Google Translate, што користи вештачка интелигенција за преведување на текстови напишани со староакадското клинесто писмо на англиски јазик. Резултатите се ветувачки, но програмата сè уште може да се подобри. Проектот претставува важен исчекор бидејќи со преведување на древните акадски текстови би можеле да откриеме досега непознати антички традиции.
Објавено на 06.07.2023 - 11:45

Историја и археологија
Пред 80 години на денешен ден започна битката кај Курск, најголемиот тенковски судир во историјата. Шестотини километри јужно од Москва, според извештаите на германските извидувачки авиони во реонот на Курск се наоѓа клинот – најиспакнаттакнатиот сектор од фронтовата линија во кој се распоредени припадниците на Црвената армија, и кој на повеќе од сто километри навлегува во реонот што сѐ уште го држат германските трупи. За германците ова е речиси идеално сценарио во кое со брза акција и движење од правците север и југ би можеле да фатат во обрач и од главнината да отсечат околу милион руски војници распоредени во тој простор...
Објавено на 05.07.2023 - 15:45

Климатологија
Просечната глобална температура надмина 17 степени за прв пат од почетокот на евиденцијата во 1800-тите. Просечната дневна температура на воздухот на површината на планетата на 3 јули беше регистрирана на 17,01 Целзиусови степени според податоците од Националниот центар за предвидувања за животната средина, огранок на NOAA. Рекордот ја надмина претходната највисока просечна дневна температура од 16,92°C забележана во август 2016 година, за време на последниот период на Ел Нињо што го прогласија нациите и во западниот и во источниот дел на Тихиот Океан.
Објавено на 05.07.2023 - 13:45

Омнибус
Конечно, сендвич направен со пилешко месо одгледувано во лабораторија ќе стане дел од менито – барем за оние што живеат во САД. Имено, минатата недела американското Министерство за земјоделие го даде првото одобрение за клеточно култивирано месо произведено од две компании, GOOD Meat и UPSIDE food. Обете компании одгледуваат мали количества пилешки клетки во парчиња месо, без потреба од колење на животни. Ова е последната регулаторна поддршка што им беше потребна на компаниите со седиште во Калифорнија да започнат со продажба и послужување на нивните производи во САД.
Објавено на 04.07.2023 - 14:30

Географија
Во првите 6 месеци од оваа година регистрирани се 100 нови винарии. Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство заклучно со 30 јуни во својот вински регистар евидентира 250 винарии од кои 167 се винарии од физички лица односно семејни винарии, а останатите како комерцијални фирми – винарии.
Објавено на 04.07.2023 - 12:30

Психологија
Колку долго треба да останеме на социјалните мрежи за психолошки да се чувствуваме многу подобро? Само 30 минути на ден. Ова е она што произлегува од новата студија објавена во Technology, Mind and Behaviour во која учествувале 230 универзитетски студенти во текот на две недели. Се покажа дека намалувањето на времето поминато на социјалните мрежи, на околу 30 минути дневно, значително ги намалува симптомите на анксиозност, депресија, осаменост и страв од чувство на исклучување. Покрај намалувањето на негативните ефекти, студентите откриле и зголемување на таканаречениот „позитивен афект“, дефиниран од истражувачите како „тенденција да се искусат позитивни емоции опишани со зборовите „среќен“ или „горд“. Невозможна мисија?
Објавено на 03.07.2023 - 15:00

Информатика
Истражувачите развија нов дизајн на компјутерска меморија што може значително да ги подобри перформансите и да ги намали енергетските потреби на интернетот и комуникациските технологии, за кои се предвидува дека во следните десет години ќе трошат речиси една третина од глобалната електрична енергија. Истражувачите, предводени од Универзитетот во Кембриџ, развија уред кој ги обработува податоците на сличен начин како и синапсите во човечкиот мозок. Уредот се заснова на хафниум оксид, материјал што веќе се користи во индустријата за полуспроводници, и ситни самосклопени бариери што можат да се подигнат или спуштат за да ги пропуштат електроните.
Објавено на 03.07.2023 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Мисијата на ЕСА, Евклид само што не започнала. Вселенскиот телескоп ќе бара показатели што треба да им помогнат на астрономите да ја разберат мистеријата на темната материја. Телескопот беше лансиран денес, 1 јули, во 17 часот и 11 минути по македонско време, од американската база во Кејп Канаверал, Флорида. Вселенскиот телескоп Евклид го носи ракетата Фалкон 9 на SpaceX, во капсула која го одржува „безбеден и чист“.
Објавено на 01.07.2023 - 17:45

Астрономија и астронаутика
Поглед од500 метарскиот телескоп со сферичен отвор (FAST) во Гуижоу, Кина
По историското прво откривање на бранувањата во време-просторот во 2015 година со помош на детектори на земјата, истражувачите сега повторно ги реоткриваат брановите на Алберт Ајнштајн со една сосема поинаква техника. Пристапот ги следи промените во растојанијата помеѓу Земјата и пулсарите во нашето галактичко соседство, кои откриваат како просторот помеѓу се збива и растегнува при минувањето на гравитациските бранови.
Објавено на 30.06.2023 - 19:00

Pages