Вчера попладне по американско, или во доцните вечерни часови по наше време, Tesla ги испорача првите 10 сериски изработени Cybertruck камионети на клиентите. Целиот настан беше емитуван во живо на платформата X. Демо видеото прикажуваше снимки од Cybertruck како праши низ пустелии, вклучително и нешто што требаше да наликува на површината на Марс. Маск излезе на сцената со речиси половина час задоцнување, првично изложувајќи ја презентацијата од задниот дел на камионот, со лице скриено во сенка.
Маск тврди дека Cybertruck е подобар од кој било друг камион, а истовремено дека има подобри перформанси од кој било друг спортски автомобил. Возилото е изработено од „специјална челична легура дизајнирана од Tesla“ за која тврди дека никогаш нема да рѓосува и која не може да се изгребе, а сепак мо може да се произведува во големи количини.
Beats an F-350 Diesel in truck pull
pic.twitter.com/yXfYWf4Odx— Elon Musk (@elonmusk) November 30, 2023
Свесен за дебаклот со кршење на прозорците за време на првичната презентација на камионот што се случи 2019-та година, дизајнерот на Тесла, Франц фон Холцхаузен, излезе на сцената и фрли бејзбол топки кон прозорците. За разлика од минатиот пат, кога презентерите користеа метални топки, стаклото кое наводно е отпорно на куршуми не се скрши. Маск навести дека во судар со друго возило, Cybertruck, со тежина од околу 3 тона, ќе го уништи другото возило.
Извршниот директор на Tesla нагласи и дека панелите на каросеријата на камионот се блиндирани, иако тркалата и гумите во голема мера не се отпорни на куршуми, но се сосема неопходни за камионот да може да се движи. Носивоста на Cybertruck е еден тон, а може да влече уште речиси петпати по толку.
Doors are bulletproof to .45” & 9mm
pic.twitter.com/alTYkDcsIz— Elon Musk (@elonmusk) November 30, 2023
Презентацијата на Маск направи да звучи како Tesla да има развиено мноштво нови технологии за Cybertruck, што ќе биде изненадување за оригиналните производители на опремата кои веќе испорачаа возила со воздушно потпирање во четири агли, помошни системи од 48 V и погонски единици за векторирање на вртежниот момент. Но, другите интересни карактеристики на автомобилот, како што се активните шипки против превртување и управување со задните тркала, не беа споменати.
Од презентацијтата се дозна и дека Коефициентот на отпор на камионетот е 0,34, забрзува од 0 до 100 km/h за околу 2,5 секунди, веројатно додека влече спортски автомобил, иако не е јасно дали притоа користи набиени теренски гуми. Маск потоа ги предаде првите 10 сериски изработени модели на специјално проверените клиенти.
Beats a Porsche 911 while towing a 911
pic.twitter.com/4YdS1tKQse— Elon Musk (@elonmusk) November 30, 2023
Додека презентацијата не откри премногу детали, Тесла објави нивната веб-страница за нарачка на камионот нешто повеќе. Интересно е што средствата за положување депозит при нарачката се зголемени, од 100 на 250 долари. Најевтината конфигурација ќе биде Cybertruck со погон на задните тркала што нема да биде достапен до 2025 година, со проценета вредност од 60 990 американски долари. Од Тесла предвидуваат дека оваа варијанта ќе има опсег од околу 400 km и време на забрзување од 0 до 100km/h од 6,5 секунди.
За другите две варијанти се наведува дека ќе бидат достапни во 2024 година. Варијантата со погон на сите тркала има досег речиси 550 километри и време на забрзување од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди (или 4,1 секунда, во зависност од тоа на која страница ги гледате податоците), со максимална брзина од 180 km/h. Тесла вели дека AWD Cybertruck има 600 КС (447 kW) и вртежен момент од 10 080 Nm. Овој камион има цена од 79 990 американски долари.
Последната варијанта е Cyberbeast, за кој Tesla проценува дека ќе чини 99 990 долари. Досегот е нешто помалку од 515 км, но ќе поседува 845 КС (630 kW), 13 959 Nm и максимална брзина од 210 km/h, како што веќеспоменатото забрзување до 100 km/h од 2,6 секунди.
Иако до испораките ќе поминат уште неколку месеци, некои продавници на Tesla веќе имаат модели во нивниот изложбен салон.
Извор Ars Technica