Вчера во просториите на Културно информативниот центар во Скопје, во Салонот 19:19, групата Инженери на Република Македонија организира и одржа јавна дебата на тема „Чебрен – македонски ресурс – не е за раздавање". На јавната дебата воведни излагања имаа проф. д-р Константин Димитров, дипл. инж. (Машински факултет Скопје, проф. д-р Арсен Арсенов, дипл. инж. (Електротехнички факултет Скопје), проф. д-р Атанаско Туневски, дипл. инж. (Машински факултет Скопје) и проф. д-р Дејан Трајковски, дипл. инж. (Технички факултет Битола). Експертите се сите согласни – да, Чебрен треба да постои, но не под овие услови и по оваа цена! Суштински нужно е овој проект да се реализира во полза на Македонија, а не на штета на граѓаните.
Јавната дебата на којашто сите беа поканети, е дел од серијата настани и дебати што инженерите ги организираат со цел да се подигне свеста на јавноста за штетноста на договорот што овој месец е најавено дека треба да се “завери” со потпис помеѓу нашата ЕСМ и претставниците на грчкиот концесионер, и со надеж дека со истакнување на сите недостатоци нашите претставници ќе се освестат и ќе се откажат од договорот. Да потсетиме, со овој договор концесионерот што треба да го гради Чебрен добива концесионерство над централата и водите за 60 години, а во пакет со неа ја добива и веќе постоечката ХЕЦ Тиквеш, а веројатно и неспоментата акумулација и ХЕЦ Орлов Камен. На овој начин ние освен неизвесната сума што ќе треба да ја одвојат идните поколенија за сметките за електрична енергија, неизвесната иднина на водите со коишто концесионерот ќе располага, го губиме енергетскиот суверенитет и независност, т. е индиректно потпаѓаме под современ вид на ропство, состојба во којашто ќе останат заглавени неколку поколенија што допрва треба да се родат во оваа земја.
На јавната дебата воведни излагања имаа проф. д-р Константин Димитров, дипл.инж. (Машински факултет Скопје, проф. д-р Арсен Арсенов, дипл.инж. (Електротехнички факултет Скопје), проф. д-р Атанаско Туневски, дипл.инж. (Машински факултет Скопје) и проф. д-р Дејан Трајковски, дипл.инж. (Технички факултет Битола).
Владата по повеќе од 3 децении и 13 неуспешни тендери, во септември годинава донесе одлука за реализација на хидроцентралата Чебрен. Проценетата вредност е 1 милијарда, сите средства за изградбата ќе бидат на концесионерот грчки Архиродон. Обврска на земјава е да даде ХЕЦ Тиквеш како удел кога Чебрен ќе почне со работа, а За возврат Македонија ќе добие 33 % од сопственоста.
Експертите се сите согласни – да, Чебрен треба да постои, но не под овие услови и по оваа цена! Суштински нужно е овој проект да се реализира во полза на Македонија, а не на штета на граѓаните. Доколку е тоа можно, изградбата треба да ја понесеме на наши плеќи, а дури и да не сме во целост кадарни нашите фирми и инженери треба да работат рамо до рамо со оној што би ја градел централата за да го стекнат неопходното искуство за реализација на идните проекти. Мошне битно е во истата насока сите значајни електроенергетски капацитети да останат во државна сопственост, со што ќе се осигура евтина или во најмала рака поволна цена на произведената енергија, во спротивно струјата добиена од Чебрен ќе ја купуваме по неколкукратно повисоки берзански цени, оценуваат професорите.
“Еден од главните столбови на една држава е енергетскиот суверенитет. Ако него го поткопате немате држава. Ако дозволиме со нашата струја да управуваат странци нема да имаме свој суверенитет и ќе бидеме робови во сопствената држава”, рече професорот Атанаско Тунески и порача дека ПАХЕ Чебрен и водите во сливот на Црна Река мора да останат македонски. “Според она што сега се планира да се направи, со нив ќе управува грчки инвеститор. На тој начин ХЕЦ Тиквеш, кој сега е во македонски раце и продава евтина струја во нашиот електроенергетски систем, според планот повеќе нема да дава евтина струја, туку ќе ја продава на берза и ќе биде петпати поскапа. Таа струја според планот на Владата треба да премине во грчки раце. Ние се лишуваме од нашите 150 гигават часа електрична енергија годишно и ги предаваме во рацете на странскиот инвеститор. На тој начин веднаш е јасно дека ја поткопуваме енергетската независност на државата”, рече Тунески.
Во моментов, како што кажа произведената струја од ХЕЦ Тиквеш се продава за 8 милиони евра на годишно ниво и се пласира до домаќинствата. Ако се продаде на берза истата струја ќе чини 40 милиони евра.
“Се создава сериозна разлика од триесетина милиони на годишно ниво или за 60 години околу 1,8 милијарди евра, па дури и околу две милијарди. Таа разлика во цените треба некој да ја плати, а тоа ќе биде народот. Затоа велиме дека овој проект е штетен за Македонија и е во корист на странскиот инвеститор”, рече Тунески и потсети дека околу една милијарда евра ќе има штета и од ХЕЦ Орлов Камен.
“Освен енергетската штета, треба да се има предвид и тоа дека со водите ќе стопанисува странски инвеститор и тие на некој начин нема да бидат македонски води, туку на странецот”, истакна Тунески. Тој побара објаснување зошто пропадна германската понуда за изградба на Чебрен која нудеше 49% од сопственоста да биде на ЕСМ и концесија со период од 39 години, а сега се прифаќа понуда со 33% сопственост и 60 години концесија.
Професорот Дејан Трајковски уште еднаш низ бројки и конкретни примери го поткрепи укажувањето на штетноста на договорот. Финансиската анализа на трите варијанти за изградба на ПАХЕ Чебрен: јавно-приватно партнерство со грчките инвеститори, Чебрен како сопствена инвестиција на Македонија во две сценарија за производство на струјата – првото по заштитена цена и второто на берзата по пазарна цена покажуваат дека далеку најнеповолен е случајот по јавно-приватно партнерство.
Условите на тендерот се едни, а одлуката на Владата е малку различна од условите од тендерот. Во одлуката на Владата воопшто не е спомнат Тиквеш, а во повикот е даден. Затоа бараме веднаш да не се истрчува, туку да се остави време и да се размисли. Убедени сме дека така ќе биде, рече Димитров
Професорот Арсен Арсенов рече дека 13-те досега распишани тендери за изградба на Чебрен не успеаја, бидејќи станува збор за проект кој не е исплатлив.
Повеќе на оваа тема тука