Биологија
Слоновите јадат растенија – општопознат факт и за биолозите и за децата што ги сакаат овие животни. Сепак, да се открие какви точно растенија јадат овие тревопасни животни е малку покомпли­цирано. Една нова меѓународна студија користеше иновативни методи за ефикасно и прецизно анализирање на навиките во исхраната на две групи слонови во Кенија, сѐ до специфичните видови растенија што ги јадат животните во групата. Нивните наоди за навиките на поединечните слонови помагаат во добивање­то одговори на важни прашања во врска со однесувањето на групите во потрага по храна и им помагаат на биолозите во конзеваторските пристапите што најдобро ги одржуваат слоно­вите не само сити, туку и задоволни. Студијата е објавена неодам­на во списанието Royal Society Open Science.
Објавено на 04.08.2023 - 13:00

Астрономија и астронаутика
НАСА и Лабораторијата Брукхејвен на американското Ми­нистер­ство за енергетика соработуваат со цел да поставаат телескоп на „темната страна на Месечината” во 2026 година. Доколку нивната мисија успее, таа ќе го означи првиот чекор кон разбирање на „мрачното доба” на универзумот.
Објавено на 04.08.2023 - 12:45

Хемија
Тим бразилски научници откри дека едно мошне вообичаено растение за нивното поднебје содржи канабидиол (CBD), непсихоактивно соединение присутно во конопот (марихуаната) што нашироко се користи за медицински цели. За разлика од канабисот, каде ова корисно соединение доаѓа “во пакување” со тетрахидроканабинолот (THC), којшто е психотропна супстанција, бразилскиот плевел нема вакви “придружници”.
Објавено на 03.08.2023 - 13:15

Електроника
Тим органски хемичари и инженери од Универзитетот Линкопинг и Кралскиот институт за технологија KTH, обата во Шведска, демонстрираа дека функционални транзистори можат да се направат од обработено дрво. Резултатите од нивното истражување се објавени во Proceedings of the National Academy of Sciences.
Објавено на 01.08.2023 - 14:00

Информатика
Како што открива компанијата за кибер безбедност Recorded Future во нивниот извештај објавен неодамна, руската хакерска група BlueBravo ги напаѓа дипломатските ентитети ширум Источна Европа, преку заразување на уредите на целите со искорустување на нова задна врата наречена GraphicalProton. Нивната кампања била следена во периодот од март до мај, оваа година.
Објавено на 01.08.2023 - 13:00

Роботика
Сите што како мали си играле со LEGO коцки знаат дека од нив може да се направи сè. Но, сега еден тим научници ја подигна мултифункционалноста на LEGO коцките на сосема ново ниво. Со користење на речиси исклучиво LEGO коцки направен е евтин функционален модел на 3Д биопечатач способен за печатење примероци од човечко ткиво. Биопринтерот го надминува проблемот со ограничената понуда на биотекстили кои се мошне важни во научните експерименти и за медицинските истражувања.
Објавено на 31.07.2023 - 13:45

Омнибус
Компанијата КТ Филм и Медиа од Битола со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој ја пушти во употреба новата дигитална едукативна платформа Кукл (Koocklе.com). Станува збор за мултидисциплинарна едукативна платформа со онлајн курсеви за филм, фотографија, пишување, маркетинг, која вклучува алатки и туторијали за едукација како и високо-квалификувани едукатори – вклучително универзитетски професори.
Објавено на 28.07.2023 - 17:15

Информатика
Четири од највлијателните компании во областа на вештачката интелигенција формираа групација ширум индустријата за да го надгледуваат безбедниот развој на најнапредните модели. Правилата за безбеден и одговорен развој на граничните модели на вештачка интелигенција првично ќе бидат диктирани од Google, Microsoft, Open AI и Anthropic.
Објавено на 28.07.2023 - 15:45

Енергетика
Работниот прототип на соларна ќелија добиена од симуланти на лунарен реголит
НАСА го награди Blue Origin со Tipping Point партнерство во вредност од 35 милиони американски долари за да продолжи да го унапредува иновативниот процес Blue Alchemist што тие го претставија на почетокот од оваа година. Се работи за иклучителен пробив во доменот на искористување на сончевата енергија – технологија што ќе овозможи изработка на соларни ќелии, на лице место на Месечината.
Објавено на 28.07.2023 - 14:00

Медицина
Експерименталната нова терапија за Алцхајмерова болест умерено го забавува когнитивниот пад кај пациентите кои се во раните фази на Алцхајмеровата болест. Лекот од фармацевтската компанија Ели Лили, наречен donanemab, претставува моноклонално антитело (модифицирано антитело добиено во лабораторија), специјализирано за расчистување на мозокот од наслагите со бета амилоид, отпадниот протеин кој ги задушува невроните во првата фаза на деменција од типот Алцхајмер. Но, терапијата со себе носи и сериозни несакани ефекти.
Објавено на 27.07.2023 - 15:00

Pages