Сончев феномен од огромни размери го привлече минатата недела вниманието на научниците. Огромна сончева дамка, една од најголемите последниве години, се отвори во најнадворешната обвивка од атмосферата на Сонцето, во короната, што доведе до огромен изблик на сончев ветер кон вселената и кон нашата планета. Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА (SDO) сними импресивни снимки од структурата, која опфаќа голем дел од јужната хемисфера на Сонцето.
Што се всушност коронални дамки? Короналните дамки се региони од сончевата атмосфера – короната, каде магнетното поле се “отвора” кон меѓупланетарниот простор, наместо да се затвори во себе. Ова ѝ овозможува на сончевата плазма, вообичаено присутна во короната, да се ослободи со голема брзина генерирајќи проток на сончев ветер – постојан проток на наелектризирани честички, воглавно протони и електрони. Овие региони изгледаат темни на сателитски снимки бидејќи топлата, блескава плазма е помалку густа од околните области.
Слика од короналната 'дупка' – темна дамка, направена на 28 март оваа година од вселенското летало Solar Dynamics Observatory на НАСА
Во овој случај, сончевиот ветер испуштен од короналната дамка се упати директно кон Земјата и, како што предвидоа вселенските метеоролозите од NOAA (Националната океанска и атмосферска администрација), тој пристигна до нашата планета :). Влијанието на овој прилив на наелектризирани честички може да предизвика геомагнетни бури од класа G2.
Поларната светлина фотографирана од Финска. фото: Себастијан Саинио, CC
Геомагнетните бури од класата G2 се сметаат за умерени и можат да предизвикаат манифестации на поларна светлина при интеракцијата на соларните честички со горните слоеви од атмосферата на Земјата, што ги прави видливи дури и на пониски географски широчини од вообичаеното. Тие понекогаш може да предизвикаат пречки во високофреквентните радиокомуникации. Во ретки случаи, може да се појават и флуктуации во електричната мрежа, но тие веројатно нема да предизвикаат значителна штета, а може да предизвикаат проблеми за сателитите во земјината орбита, предизвикувајќи пречки во комуникациските и навигациските услуги.
Плазмата што избега од короналната дамка се “профучи” околу нашата планета со неверојатна брзина од 700 km/s. Во меѓувреме, од најсеверните нации во светот пристигнаа спектакуларни слики од поларна светлина.