Математика
Аргентинецот Луис Кафарели ја доби наградата Абел за 2023 година. Наградата Абел е најпосакуваното признание во доменот на математиката. На Кафарели му беше доделено за неговата работа на равенки кои се важни за опишување на физичките феномени, како на пример начинот на којшто се топи мразот и протокот на течностите. Тој е првиот човек роден во Јужна Америка кој ја добил наградата.
Објавено на 24.03.2023 - 13:45

Информатика
По двегодишна суспензија, YouTube му ја врати сметката на Доналд Трамп. На поранешниот американски претседател му беше забрането да поставува снимки на мрежата во јануари 2021 година. YouTube се реши да ја врати сметката откако неодамна тоа го направија Мета и Твитер.
Објавено на 23.03.2023 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Сабота, 25 март, астероид со големина помеѓу 50 и 100 метри ќе помине блиску до нашата матична планета. И, барем засега, нема никакви ризици за да удри во Земјата...
Објавено на 23.03.2023 - 14:15

Информатика
По брзањето за претставување сопствен ВИ четбот во февруари и потешкотиите што тоа ги донесе , Google денес го лансираше својот чет-бот наречен Bard и во исто време испрати покана до корисниците да започнат со сопствени тестови за да можат е можно поскоро да добиваат повратни информации од употребата, сѐ во надеж дека ќе го престигне Microsoft во трката за најбрзо растечка технологија во светот.
Објавено на 22.03.2023 - 16:45

Биологија
Биоинженерите се во потрага по лек што со стимулирање на активноста на кафената маст – којашто ги трансформира масните киселини во топлина – ќе може да нѐ заштити од екстремен студ.
Објавено на 22.03.2023 - 14:45

Телекомуникации
Црвената точка е сигналот на Николче, Z32TW/P, од Тумбе Кафе, непосредно пред стемнување.
На 19.3.2023 година, во 19 часот, со црвен ласер на бранова должина од 650 nm (нанометри), односно фреквенција од 462 THz (терахерци), е одржана првата двонасочна ласерска врска во Македонија, помеѓу станиците Z31RQ/P и Z32TW/P. Работено е од портабл од локации кај манастирот Св. Јован кај Германски Гробишта (Битола) и од Џепането на Тумбе Кафе (Битола), при што е премостено растојание од 2,35 km, што воедно претставува почетен рекорд на ова подрачје.
Објавено на 21.03.2023 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Првиот ден од пролетта, кој оваа година паѓа денес 20 март официјално е тука. Овој ден е познат и како пролетна рамноденица и ово настан речиси секогаш е резервиран за 20 или 21 март.
Објавено на 20.03.2023 - 17:45

Информатика
Ако мислевте дека кибер криминалците се само мажи, сте погрешиле – студијата на компанијата за кибер безбедност Тренд Микро открива дека жените играат подеднакво значајна улога во кибер подземјето.
Објавено на 20.03.2023 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Минатата недела американската вселенска агенција НАСА и компанијата Аксиом Спејс го претставија новиот прототип на вселенскиот костум што треба да го носат астронаутите кои ќе учествуваат во мисијата Артемида III, која како што повеќепати пишувавме, ќе биде првото слетување на човечки екипаж врз површината на Месечината по 1972 година.
Објавено на 20.03.2023 - 12:45

Астрономија и астронаутика
Компјутерски генериран 3Д модел на површината на Венера со  врвот на Маат Монс, вулканот кој покажува знаци на активност.
Откриени убедливи докази за неодамнешна вулканска активност на Венера. Во раните 1990-ти, дел од поголемиот вулкански систем на Маат Монс ја променил формата за време на набљудувањата со сондата Магелан, направени со разлика од осум месеци.
Објавено на 17.03.2023 - 16:30

Pages