Хемија
“Пензионираните” елиси од турбините на ветер се голем проблем, со оглед на тоа што засега не постоеше ефикасен и исплатлив начин за нивно рециклирање па тие завршуваат на депониите. Но, се чини дека еден нов, иновативен хемиски процес конечно ќе може да го реши овој проблем...
Објавено на 10.02.2023 - 15:30

Информатика
Со овој потег, менаџментот на социјалната мрежа Твитер сака дополнително да го осигура кредибилитетот на корисникот, при што би можело јасно да се утврди дали се работи за лажна корисничка сметка. Самиот систем за верификација сè уште е во развој, а од компанијата нема објави кога точно тој би можел да стане активен. Информацијата ја објави Џејн Манчун Вонг, која стана позната по нејзините досегашни точни предвидувања за новините поврзани со ИТ компаниите.
Објавено на 10.02.2023 - 14:15

Историја и археологија
Мостот на шпионите во 1962 година ја означува границата помеѓу источниот и западниот дел на Берлин.
На 10 февруари 1962 година, сред Студената војна, мостот Глинике помеѓу Берлин и Потсдам бил сметан за неутрална територија... и бил место на една од најпознатите размени на тајни агенти и шпиони. Оваа размена ќе обезбеди ново име на оваа градба, што ќе стане позната како Мостот на шпионите
Објавено на 10.02.2023 - 11:15

Архитектура и градежништво
Најновата студија покажува дека дрвјата во урбаните подрачја обезбедуваат квантитативни придобивки за јавното здравје и животната средина. Имено, зголемувањето на површината со дрвја за 30% во градските средини може да помогне во разладување на градовите и спречување на многу смртни случаи поврзани со топлината.
Објавено на 08.02.2023 - 10:45

Омнибус
Интересни вести од нашето соседство – Земјоделскиот факултет во Чачак стана единственото место во Србија каде што е можно да се врши сензорно тестирање на прехранбените производи, бидејќи во таа високообразовна институција беше отворена сензорска лабораторија, резултат на соработката на експерти од земјоделските факултети во Чачак и во Белград.
Објавено на 08.02.2023 - 10:15

Информатика
Мотивирани од големиот успех на четботот ChatGPT, но и стравот како таква алатка може да влијае на нивниот пребарувач и на целиот бизнис модел, Google објавија дека наскоро ќе претстават свој чет-бот базиран на вештачка интелигенција. Објавено - направено! Тие вчера го претставија четботот Bard.
Објавено на 07.02.2023 - 14:15

Автомобилска техника
Резултатите од пазарот, кои се согледуваат во бројот на продадени производи, се објективна категорија која не подлежи на емоција, штимање или сомнително толкување. Да се успее на пазарот значи дека си одличен производител кој суверено владее со својот производ од сите аспекти. За познатиот германски бренд Мерцедес последниве години овие параметри не одат во прилог, што се однесува до глобалниот пазар. На домашниот пазар се релативно добри, но на меѓународниот недоволно добри и финансиската состојба не може повеќе да се толерира.
Објавено на 07.02.2023 - 13:45

Аудио и видеотехника
Денешната аудиовизуелна уметност не може да се замисли без активно учество на современата технологија. Без разлика дали станува збор за филмско или театарско аудиовизуелно дело, примената на новите технологии значително влијае и го подобрува неговиот визуелен карактер. Тргнувајќи од овој факт, технолошката писменост или познавањето на технологијата е безусловен маркер кој нуди успех во театарската и во филмската работа.
Објавено на 06.02.2023 - 17:00

Астрономија и астронаутика
Откритието на нови дванаесет месечини беше објавено неодамна од страна на Меѓународната астрономска унија, а вкупниот број на месечини во орбита околу масивната планета се искачи на 92. Со ова Јупитер изби пред Сатурн во навидум непрекинатата борба за титулата на Планета со најмногу месечини во Сончевиот систем.
Објавено на 06.02.2023 - 11:30

Информатика
Овој викенд, од 3 до 5 февруари 2023 г., во Скопје и Битола по 11-ти пат ќе се одржи Global Game Jam Македонија. Како и на сите претходни настани, организатор е Македонската Асоцијација за развивање на игри – МАГДА. Настанот е со физичко присуство и се одржува во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во Скопје и во канцелариите на Kamai Media во Битола. Секој кој има желба да развива игри е поканет да учествува.
Објавено на 03.02.2023 - 15:30

Pages